Тешко мене ако не го навестувам Евангелието
Евангелизацијата е должност на целата Црква, на целиот Божји народ – напиша папата Фрањо во пораката на 13-та национална средба на бразилски основни црковни заедници, која започнала на 7 јануари во градот Јуазеиро до Норте. Тема на средбата, која ќе заврши на 11 јануари, гласи „Праведност и пророштво во служба на животот“. Папата истакна дека сите треба да бидеме ходочасници, во селските подрачја како и во градовите, донесувајќи ја радоста на Евангелието на секој маж и секоја жена.
Светиот Отец ги довери учесниците на средбата под заштита на Богородица од Апарецида и ја истакна улогата која овие основни заедници ја имаат во важното послание на Црквата – евангелизацијата. Често внесуваат нов евангелизациски жар и способност за дијалог во светот, кој ја обновува Црквата – истакна Папата потсетувајќи на апостолското писмо Радост на Евангелието. Исто така – додаде повторно наведувајќи ги мислите од своето прво апостолско писмо – добро е базичне заедници да не го изгубат допирот со таа така богата реалност како што е месната парохија и со задоволство да се вклучи со усогласен пасторал со партикуларната Црква. На крајот на учесниците и целиот настан папата Фрањо ги поттикна со зборовите на свети Павле од Посланието до Коринтјаните: „Тешко мене ако не го навестувам Евангелието.“
РВ/Д.И.