Телефонски разговор меѓу Папата и Махмуд Абас

Телефонски разговор меѓу Папата и Махмуд Абас

Во разговорот со претседателот на Државата Палестина, Светиот Отец го повтори својот апел за целосно почитување на меѓународното хуманитарно право во врска со неодамнешните случувања во конфликтот во Појасот Газа и насилството на Западниот Брег. Тој исто така повика да не се прибегнува кон неселективна употреба на сила или присилно раселување на населението.

Во понеделник 21 јули 2025 година, папата Лав XIV доби телефонски повик од Махмуд Абас, претседател на Државата Палестина, во врска со неодамнешните случувања во конфликтот во Појасот Газа и насилството на Западниот Брег, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Почитувајте го меѓународното хуманитарно право

За време на телефонскиот разговор, Папата го повтори својот апел за целосно почитување на меѓународното хуманитарно право, нагласувајќи ја обврската за заштита на цивилите и светите места, како и забраната за неселективна употреба на сила и присилно раселување на населението. Со оглед на драматичната хуманитарна ситуација, тој ја нагласи итноста од обезбедување помош на оние кои се најпогодени од последиците од конфликтот и од олеснување на соодветниот влез на хуманитарна помош.

На крајот од соопштението се наведува дека Светиот Отец потсети на одбележувањето на десетгодишнината од Општиот договор меѓу Светиот Престол и Државата Палестина, кој беше потпишан на 26 јуни 2015 година, а стапи на сила на 2 јануари 2016 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот