Телеграма со сочуство од Папата за смртта на Хавиер Ечевариjа

Телеграма со сочуство од Папата за смртта на Хавиер Ечевариjа

Папата Фрањо на 13 декември 2016 година испрати телеграма со сочувство до монс. Фернандо Окариз Брана, помошен викар на Опус Деи по повод смртта на монс. Хавиер Ечевариjа Родригез. Телеграмата ја пренесуваме во целост.

Штотуку ја добив тажната вест за ненадејната смрт на монс. Хавиер Ечевариjа Родригез епископ на прелатурата Опус Деи и сакам на сите вас припадници на таа прелатура да го изразам своето најискрено сочувство, истовремено се придружувам на вашите дела на благодарност до Бог за неговото татковско и великодушно сведоштво во свештеничкиот и епископскиот живот според примерот на свети Хосемариjа Ескрива и блажен Алваро дел Портиљо кој го наследи на чело на ова семејство и го предаде својот живот во постојано служење од љубов кон Црквата и душите.

Воздигнувам кон Бог искрена молитва за тој верен негов слуга нека го прими во својата вечна радост и го препорачувам топло на заштитата на нашата Мајка Богородица Гвадалупска на чиј празник својата душа ја предаде на Бог.

Со тоа чувство и како знак на верата и надежта во Воскреснатиот Христос на сите ви испраќам охрабрувачки апостолски благослов.

Ватикан, 13 декември 2016

Фрањо

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот