„Драги млади, вие сте надеж на Црквата. Дали сонувате за вашата иднина? Тогаш земете учество во Синодата во 2018 “. Тоа е Твитер пораката на папата Фрањо упатена на профилот на @Pontifex за денешниот Меѓународен ден на млади, 12 август.
Во пораката Папата, преку линк (#synod18! http://goo.gl/WghUvl), потсетува за прашалникот, објавен на интернет, упатен кон младите на возраст од 19 до 29 години од целиот свет, за да се слушне нивниот глас на Синодата, која во 2018 ќе ги собере синодалните оци, за да размислуваат на тема: „Младите, верата и избор на повикот”.
На 13 јануари 2017 година, по повод претставувањето на подготвителениот документ за претстојната Синода, Папата Фрањо упати писмо до младите од целиот свет. „Еден подобар свет – стои во пораката – се гради благодарение и на вас, на вашата волја за промена и вашата посветеност. Не плашете се да го послушате Светиот Дух, кој ви нуди храбри одлуки, не двоумете се, кога совеста бара од вас да ризикувате за да го следите Учителот”. Исто и Црквата – нагласува Папата во документот – „сака да го слушне вашиот глас со вашата чувствителност, со вашата вера, дури и со вашите сомнежи и критики. Направете вашиот крик да се слушне, нека одекне во заедниците и нека стигне до пастирите”, ги повика тогаш папата Фрањо младите.
РВ/к.мк