По завршувањето на молебенот кој го служеше Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов во Паљурци на 9 јули 2017 година во амфитеатарот младите од парохијата „Свети пророк Илија“ Радово изведоа сценски приказ со наслов „Мисијата на свети апостол Павле во Македонија“.
На настанот присуствуваше Н.В.П. монс. Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, свештеници од егзархатот, градоначалникот на Општина Богданци Анастасија Олумчева чесни сестри Евхаристинки, како и верници од повеќе парохии.
Сценскиот приказ изобилуваше со настани од Светото Писмо, а на сцената можеше да се „видат“ света Лидија, Лука, Сила, Тимотеј, војници, и да се слушнат молитви…. Едноставно убави моменти, кои присутните ги „однесоа“ на почетоците на христијанството во Македонија, возбудлив приказ, кој кај публиката наиде на воодушевување, како и на искрена и несокриена духовна исполнетост.
Текстописец на сценскиот приказ „Мисијата на свети апостол Павле во Македонија“ е о. д-р Зоран И. Стојанов, режија на о. Илија Стојанов и Павлинка Манолева, реквизити и гардероба на о. Трајче Ташев, Александар Манолев и Панче Сирачев. За изборот на молитвите се погрижи Наталија Стојанова, а улогите ги толкуваа младите од парохијата Свети пророк Илија – Радово: Габриела Ташева, Тања Стојанова, Филип Стојанов, Кирил Стојанов, Дејан Динишев, Николина Кармазичева, Елена Гогова, Филип Гогов, Мите Христов, Васко Тантушев, Горѓи Тодоров, Елена Манолева, Милка Сирачева, Драги, Трајче, Игор, Ристо С., Тодорка, Зорица, Софија, Деспина, Надица, Наталија, Марија и Викторија С., Ѕвезда, Златко, Марија К., Оливер А., придружувани од повеќе деца.
Овој настан беше збогатен и со црковни песни на гитара во изведба на младите од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица и свети Кирил и Методиј – Петралинци.
к.мк