Судот во Полска: Крстот останува во пленарната сала на полскиот парламент

Крстот на ѕидот од пленарната сала на полскиот парламент ќе остане, пресуди апелацискиот суд во Варшава одбивајќи ја тужбата на група парламентарци атеисти.

Политичари од опозициската левица „Твое движење“ се обидоа по судски пат да го отстранат крстот од полскиот парламент, кои велат дека ги навредува нивните верски чувства, бидејќи се чувстуваат атеисти.

Крстот во пленарната сала стои без формално одобрение од парламентот, откако го поставија во 1997 година двајца пратеници од тогашната конзервативната владејачка партија „Изборна акција Солидарност“.

Антицрковното „Твое движење“ кое претходно беше познато под името „Движење Паликот“ на парламентарните избори во 2011 година доби 10 % од гласовите. Партијата најавуваше ако е потребно, тужбата ќе ја поднесе и пред Европскиот суд за човекови права.

Лаудато/го*ко

Категорија: Свет

За авторот