Белгија. „Ајде да одиме заедно“ – алтернативно ходочастие за млади

Белгија. „Ајде да одиме заедно“ – алтернативно ходочастие за млади

Наместо ходочастие во Лурд, кое оваа година не е можно поради пандемијата, Пасторалот за млади од Белгиската епископска конфернција организира иницијатива од 18 до 23 август во која младите ќе имаат можност да донесат помош, утеха и духовна близина до оние во потреба.

„Ајде да одиме заедно 2020“ е насловот на иницијативата која во организација на Пасторалот за млади од Белгиската епископска конференција која ќе се одржи од 18 до 23 август, а во рамките на тоа младите белгиски католици ќе имаат можност да се стават во служба на најпотребните. Имено, секоја година во овој период, белгиските католички млади обично одат на ходочастие во маријанското светилиште во Лурд во Франција, но годинава тие се спречени поради пандемијата на коронавирусот. Затоа белгиските епископи решија да ја организираат оваа акција како алтернатива на ходочастие, а нивната цел останува иста: да понудат помош, утеха и духовна блискост на оние што се во тешкотија.

Како што пишува на интернет страната на Белгиската епископска конференција, ова алтернативно ходочастие на многу млади луѓе помеѓу 12 и 30 години ќе им овозможи да ја сведочат својата солидарност на различни начини: ќе можат да посетат стари лица и лица со инвалидитет, ќе можат да остваруваат телефонски разговори со нив, да разговараат и да се молат со нив, но исто така да се забавуваат и релаксираат со врсниците. Споменатата иницијатива не е единствената со која Католичката црква во Белгија ги следи младите за време на пандемискиот период

На пример во март, Пасторалот на младите во покраината Валонски Брабант на социјалните мрежи покрена нова иницијатива насочена на верско образование на деца и адолсценти присилени да останат во карантин. Како дел од проектот „Предизвици“, наменет за возраст од 11 до 13 години и од 15 до 18 години, на децата и младите им се нудеа по две виртуелни средби секоја недела. Еден беше посветен на филмот, а учесниците беа поканети да гледаат и да коментираат еден од предложените филмови, одговарајќи на понудените прашања поврзани со верата. На втората седмична средба, децата и младите беа во можност да ги споделат своите размислувања за одредени теми, како што е на пример заштита на создаденото.

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Вести, Свет

За авторот