Суботичкиот бискуп Славко Вечерин доживеа мозочен удар

Суботичкиот бискуп Славко Вечерин доживеа мозочен удар

Суботичкиот бискуп Славко Вечерин доживеа благ мозочен удар и по извршениот преглед е пуштен на домашно лекување.

„Ве известуваме дека нашиот бискуп, монс. Славко Вечерин, доживеа мозочен удар. Моментално е под лекарски надзор. Имајќи го ова предвид, ве повикувам сите да го вклучите во вашите молитви, за Господ да му го врати здравјето, за да продолжи да ја врши својата бискупска служба“, се наведува во соопштението на Суботичката бискупија објавено во среда, 3 август, потпишано од генералниот викар, монс. Ференц Фазекас.

Како што дознава порталот subotica.com, по првите прегледи, бискупот е пуштен на домашно лекување и му е наложено стриктно мирување.

к.мк

 

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот