Струмица: Промовирана книгата „Секој миг е дар“ од Кјара Лубик

Струмица: Промовирана книгата „Секој миг е дар“ од Кјара Лубик

Во недела 19 ноемри 2023 година во парохиската сала „Света Мајка Тереза“ при парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа промоција на книгата „Секој миг е дар“ од Кјара Лубик.

На почетокот присутните ги поздрави отец Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија, посакувајќи им добредојде, кој ја искажа својата радост за бројното присуство на оваа промоција. Во воведниот дел од промоцијата, под водство на Виолета и Томислав Микулец преку видео беше прикажан животот и делото на авторката Кјата Лубик, основателка на Фоколарите – Мариино дело.

Промотори беа о. Ѓорги Динов, парох во Нова Маала и Драган Георгиевски, од издавачката куќа „Норша издаваштво“ – Скопје.

Текстови од книгата читаше Марија Георгиевска Ристовска, а музичкиот дел беше во изведба на Марија Динова.

Промоцијата е во организцијата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица во соработка со Мариино дело – Скопје.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот