Папата го осуди терористичкиот напад во Филипините

Папата го осуди терористичкиот напад во Филипините

Одулучно го осудувам насилниот настан, кој донесува нова тага на филипинската христијанска заедница

Нека Господ, Царот на мирот, ги преобрати срцата на насилниците и нека обезбеди на жителите на Филипините мирен соживот – рече папата Фрањо на 27 јануари 2019 година по завршувањето на молитвата Ангел Господов во Панама. Во молитвата Папата молеше за настраданите во терористичкиот напад во катедралата во градот Јоло на Филипините. Одулучно го осудувам насилниот настан, кој донесува нова тага на филипинската христијанска заедница – истакна Светиот Отец.

Пред Филипините, Светиот Отец на Божјото милосрдие ги препорача настраданите од рушењето на браната во Бразил, како и оние во Мексико кои настрадаа од експлозија на нафтовод. Се спомна и на тешката ситуација во Венецуела и го молеше Господ за праведно и мирно решение, како би се надминала кризата со почитување на човечките права и барањето на добро за сите жители. На крајот Папата истакна дека вчерашната Литургија ја служеше за младите колумбиски кадети кои на 17 јануари загинаа во терористички напад во Богота.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот