Струмица: Крстен пат за деца на отворено

Патеката под Спомен костурницата во Струмица до Крстот над градот, беше местото каде во недела 22 март 2015 година верниците од парохијата Свети Иван Крстител Струмица молеа Крстен пат. Оваа недела Крстниот пат го предводеа децата од парохијата, а останатите верници ги придружуваа во молитвите и песните.

Крстниот пат го започна о. Гоце Костов со воведната молитва: Господи Исусе, на твојот Крстен пат немаше деца. Сигурно возрасните ги сокриле некаде за да не ги гледаат страшните призори на твоето нарането тело. Но Ти не ги заборави децата! (…) Еве не сега нас децата, со Тебе се упатуваме на Крстниот пат и сакаме заедно со Твојата мајка да гледаме низ сѐ што мораше да поминеш…“.

Потоа децата носејќи го Крстот и иконите со 14 постојки кои сами ги изработија на веронауката, се изменуваа во читањето на размислувањата на Крстниот пат. Со завршната молитва побожноста заврши на Крстот над градот.

По завршувањето на Крстниот пат следуваше кратко освежување и дружење на децата со верниците, разменувајќи го искуството да се моли Крстен пат на отворено.

Крстен пат за деца во парохијата Свети Иван Крстител се организира втора година по ред. Крстниот пат за деца на многу едноставен начин ја открива детската душа за нивната потреба од љубов и заедништво со Господ. За присутните возрасни пак е поглед во исконски потреби и желби на децата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот