Струмица дел од молитвената акција „Милион деца молат Бројаница“

Децата од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во недела 18 октомври 2015 година пред светата Литургија молеа света Бројаница и на тој начин се приклучија на големата молитвена акција „Милион деца молат Бројаница“, а се моли за единство и мир во светот.

Молитвената акција „Милион деца молат Бројаница“ е поттикната во Венецуела во 2005 година и од тогаш е се проширува низ целиот свет. Иницијаторите на молитвената акција се повикуваат на зборовите на свети Падре Пио: „Ако еден милион деца молат Бројаница, светот ќе се промени”. На тој начин иницијатива ја добива својата цел и име.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот