Струмица: Во Година на милосрдието со Деветница на Божјото милосрдие

Во Јубилејната година на милосрдието, младите од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица на Велики Петок, 29 април 2016 година започнаа со Деветница на Божјото милосрдие, на која се приклучија дел од верниците. Побожноста ќе се моли во наредните денови во парохиската Црква, а ќе заврши со света Литургија на Томина недела.

По завршувањето на Деветницата на Божјото милосрдие младите најавуваат активности со конкретни дела на милосрдието.Во склоп  на Јубилејната година на милосрдието, на празникот Цветници младите од парохијата направија поклонение, поминувајќи низ Јубиелјната врата на Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица – Струмица.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот