Струмица: Бројаница од балони за Пресвета Богородица
Младите од парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица по завршувањето на светата Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, 21 септември пристигнаа во процесија во дворот на Црквата со голема Бројаница од балони и со Богородична песна. Застанувајќи пред насобраниот народ молеа на Бројаницата од балони за семејствата во парохијата, Апостолскиот егзархат и за сите семејства во Македонија. Додека пееја Богородични песни, неколку млади ги почастија верниците со „Слово Божјо“, односно со ливчиња, на кои беа испечатени цитати од Светото Писмо.
Активноста на младите е во склоп на циклусот средби насловени „Бранови на верата“, кои се одржуваат еднаш седмично.
Ден пред тоа во рамките на веронауката, децата во дворот со креди во боја изразувајќи ја својата креативност цртаа мотиви од животот на Црквата.
к.мк/го*ко