Струмица: Анимација за Светскиот ден на млади

Во недела 17 јануари 2016 година во просториите на парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа анимација за Светскиот ден на млади во Краков, Полска.

На анимацијата присутните млади беа запознати со почетоците на Светскиот ден на млади,  како и со конкретни информации поврзани со средбата во Краков.

После презентацијата следуваше дискусија и сведоштва од учесници на претходните Светски денови на млади. Некои од присутните пројавија интерес да бидат дел од тој настан. Договорено е во иднина да се одржат во парохијата уште неколку подготвителни средби на оваа тема.

Светскиот ден на млади ќе се одржи од 25-31 јули 2016 година во полскиот град Краков, а се очекуваа да присуствуваат околу  2 милиони млади од целиот свет.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот