Статуата на Богородица од Фатима во Рим
Овде сме на средба во Година на верата, посветена на Марија, Мајката Христова и Мајка на Црквата – наша Мајка. Нејзината статуа, која пристигна од Фатима ни помага да ја почувствуваме нејзината присутност меѓу нас. Марија секогаш нѐ води до Исус. Таа е Жена на верата, вистински Верник – беа првите зборови на Светиот Отец кои ги изговори на катехезата, денес попладне на плоштадот Свети Петар, пред мноштво верници собрани по повод „Денови на Марија“ кои се обележуваат вечерва и утре во Рим.
Каква всушност била верата на Марија? – праша Папата и продолжи – На прво место Марија се ослободи од јазолот на гревот (сп. LG, 56). Јазол кој – според свети Иринеј – Ева го врзала со својата непослушност, Дева Марија го разрешува со својата вера (Adv. Haer. III, 22, 4). „Јазолот“ на непослушност и неверување! Кога детето не е послушно на своите родители, на некој начин создава еден „јазол“. Тоа се случува кога детето е свесно на своето однесување, посебно ако е со посредство на лага; и во тој момент не се доверува на своте родители. Колку пати такво нешто се случило! Односот кон родителите треба да се ослободи од такви нешта со барање прошка за повторно да се воспостави доверба и хармонија. Нешто слично се случува во нашиот однос со Бог. Кога не го слушаме и не ја вршиме неговата волја, се однесуваме по свое и со своето конкретно однесување покажуваме всушност недостаток на доверба во Него и тоа е грев – рече Папата – што тогаш во нашата внатрешност станува како „јазол“. Овие и вакви јазоли ни го одземаат мирот и ведрината. Многу такви јазоли можат да обликуваат заплет кој сѐ поболно и тешко може да се разврза. Сепак, ништо не е невозможно за Божјото милосрдие! Дури и најзамрсените јазоли се разрешуваат со неговата милост. Марија со своето „ДА“ му отвори врата на Бог за да го разреши тој престар јазол на непослушност. Мајката трпеливо и нежно нѐ носи до Бог за Тој да ни ги разврзи јазолите на душата, со своето татковско милосрдие. Кој би можеле да бидат тие јазоли на мојот живот? Барам ли од Марија да ми помогне да имам доверба во Божјото милосрдие, за да можам да се променам? – праша Светиот Отец.
Втор фактор: На верата на Марија, Исус и дава човечко тело. Соборот вели: „Заради својата вера и послушност, Таа го роди на земјата истиот Син на Отецот без да познава маж, но со осенувањето на Светиот Дух“ (LG, 63). На ова црковните Оци многу инсистирале: Марија, Исус прво го зачнала со вера, а потоа во телото, кога таа го кажала своето ДА, на Божјото навестување преку Ангелот. Што значи тоа? – праша Папата и веднаш одговори – Па тоа дека Бог не сакал да се овоплоти од страна на нашата слобода; сакал да помине преку слободната согласност на Марија и нејзиното ДА.
Но, тоа што на единствен начин и се случило на Дева Марија, на духовно ниво ни се случува и на нас кога Божјото Слово го прифаќаме со добро и искрено срце, и кога го применуваме. Тогаш се случува како Бог да се овоплоти во нас; Тој доаѓа за да престојува во нас, бидејќи престојува кај оние кој го љубат и почитуваат Неговото Слово.
Да се запрашаме тогаш: – поттикна Папата – дали сме свесни на тоа? Или мислиме дека Исусовото овоплотување е само настан од минатото, кој нас посебно нѐ вклучува? Да веруваш во Исус значи да му го понудиш своето тело, понизноста и храброста на Марија, за да може Тој и понатаму да престојува меѓу луѓето; да веруваш значи да му ги дадеш своите раце за да ги помилува малите и сиромашните; своите нозе за да оди на средба со браќата; своите раце за да ги подржува слабите и да работи на Божјото лозје; својот ум за да мисли и создава планови во светло на Евангелието; и најмногу своето срце за да љуби и донесува одлуки по Божјата волја. Сето тоа се случува благодарение на Светиот Дух. И така ние сме Божјо средство за да може Исус да делува во светот преку нас.
Последниот фактор е верата на Марија како одење: Соборот истакнува дека Марија„одела на поклонение на верата“(LG, 58). Заради тоа таа ни претходи на ова поклонение, нѐ следи и нѐ подржува.
Во која смисла верата на Марија била „одење“? –праша Светиот Отец. Во тоа што целиот нејзин живот бил наследување на нејзиниот Син: Тој е пат! Да напредуваш во верата, да одиш напред на тоа духовно поклонение кое е вера, не е ништо друго освен следење на Исус; да го слушаш и да се препуштиш да те води Неговото Слово; да гледаш како Тој се однесува и како ги става нашите нозе на неговите траги, да го имаш неговото чувство и држење: понизноста, милосрдието, близината, но исто така и одлучно отфрлање на преправањето, дволичноста, идолопоклонството.
Исусовиот пат е пат на љубовта, вера сѐ до крај, сѐ до жртвување на животот, тоа е пат на крстот. Заради тоа патот на верата поминува преку крстот, а Марија тоа веднаш го сфатила, кога Ирод сакал да го убие штотуку родениот Исус. Но, подоцна тој крст станал подлабок, кога Исус е отфрлен: тогаш верата на Марија се соочила со неразбирање и презир; кога дошол Исусовиот „час“, часот на маките: тогаш верата на Марија била мал пламен во ноќта. Во ноќта на Велика Сабота Марија бдеела. Нејзиниот план мал, но јасен, бил запален сѐ до воскресното утро; и кога стигнал гласот дека гробот е празен, во незјиното срце се развила радоста на верата, христијанската вера во смртта и воскресението на Исус Христос. Бидејќи, верата секогаш нѐ води до радост, Марија е Мајка на радоста. Нека нѐ научи да одиме по тој пат на радоста и со таа радост да живееме! Тоа е врвот – таа радост, таа средба со Марија и Исус. Но, да го замислиме каков е .. – потикна Папата. Таа средба е врв на патот на верата на Марија и целата Црква. Каква е нашата вера?
Ја одржуваме ли запалена, како Марија, и во тешките и мрачни моменти? Дали си ја почувствувал радоста на верата? – праша на крајот Папата Фрањо и кажа – Вечерва Мајко, ти благодариме за твојата вера на жена и тоа понизна и повторно ти се доверуваме, Мајко на нашата вера.
Д.И.