Во новиот поткаст папата Фрањо ги слуша и одговара на младите

Во новиот поткаст папата Фрањо ги слуша и одговара на младите

Во второто издание на емисијата „Popecast“ во продукција на Радио Ватикан – Ватикан њуз, во пресрет на Светскиот ден на младите што ќе се одржи во Лисабон, папата Фрањо ги слушна грижите на младите кои ги споделуваат нивните лични приказни, надежи и предизвици и им понуди утеха и охрабрување.

Во најновиот „Popecast“, папата Фрањо слушна снимени прашања од група млади луѓе кои споделуваат свои лични приказни, и им понуди утеха и охрабрување. Првиот поткаст на Папата беше одржан во март 2023 година за десетгодишнината од неговиот понтификат.

Младите вклучени во вториот поткаст се од различно потекло и возрасни групи. Ги споделуваат своите животни тешкотии, но и динамиката и надежта.

Бог те љуби

Папата Фрањо ја слушна приказната на девојката Гиона кое зборуваше за предизвиците на верниците, прифаќајќи ја реалноста на физичките тешкотии.

Папата ѝ упати охрабрувачки зборови, велејќи дека Бог нè љуби такви какви што сме и дека Господ е секогаш со нас. Дури и ако сме грешници, Господ се приближува да ни помогне. Папата потоа додаде: Не се откажувајте, настојувајте да одите напред!

Секогаш настојувајте да одите напред

Слушајќи ги приказните на две млади момчиња, Едвард и Валери, кои отслужуваат казна во поправен дом за малолетници, Папата слушна за нивните тешки семејни ситуации и напуштањето што ги навело да ги извршат злосторствата за кои сега жалат.

Како одговор, Папата побара од нив да размислат дека нивните грешки не треба да го блокираат нивниот животот, бидејќи човечката приказна продолжува со сите успеси и неуспеси.

Папата истакна дека секогаш треба да знаат дека Господ е со нив на нивниот пат и дека е подготвен да ги фати за рака и да им помогне да се подигнат. Наша задача, истакна Римскиот бискуп, е да ги признаеме сопствените грешки за да може Бог да ни помогне да размислуваме за нашите животи и да продолжиме да одиме напред со позитивен став.

Хоризонт на надеж

Девојката Аријана раскажа за сопствената борба со биполарното растројство што и предизвикало моменти на радост, но и моменти кога размислувала за самоубиство. Во исто време, таа рече дека чувствува дека Бог ја спасил.

Папата внимателно ја слушаше и одговори охрабрувајќи ја секогаш да гледа напред, да не го губи од вид хоризонтот… а хоризонтот е Бог.

Светиот Отец ѝ посочи дека сите сме ранети во животот на различни начини и поради различни причини, па така и од гревовите, кои бараат од нас секогаш да гледаме кон хоризонтот на Божјата љубов и милосрдие.

Збогатени со различноста

Потоа ја сослуша вероучителката Валерија која ги пренесе информациите што ги добива од нејзините млади ученици кои сакаат Црква која е потранспарентна, младешка и поблиска до луѓето во нивните животи.

Папата одговори потсетувајќи на важноста на Црквата да оди заедно со народот. Тој предупреди дека Црквата, кога премногу се затвора во себе, ризикува да стане секташка и поделена. Тој додаде дека величината на Црквата е во нашата различност и заедништво.

Папата Фрањо потоа го сослуша Џузепе кој објасни како го напуштил факултетот и поминувал голем дел од своето време дома играјќи видео игри со „виртуелни пријатели“. Папата истакна дека животот на еден млад човек кој живее исклучиво на интернет може да стане асептичен и изолиран, бидејќи му недостасува хоризонтот, бидејќи човечкиот контакт со другите луѓе е исклучително важен.

Одете на Светскиот ден на млади

На крајот, папата Фрањо ги повика своите млади соговорници во „Popecast“ да се потрудат да учествуваат на сите настани на Светскиот ден на млади во Лисабон, оценувајќи го како вредно искуство што ќе ги исполни со заедништво, славење, надеж и радост.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот