Срце Мариино

Празникот Срце Мариино се слави на денот веднаш по празникот на Пресветото Срце Исусово. Срцето на Марија се спомнува во Светото Писмо на повеќе места непосредно или посредно, на пример кога старецот Симеон пророкувал дека Срцето на Марија ќе го прободе меч на големи болки и многу ќе страда. Опишувајќи ги настаните поврзани со Исусовото раѓање евангелистот Лука запишува длабока човечка и реакција на вера кај неговата Мајка: „А Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое.“ (Лк 2, 19).

Службено одобрение за славење на овој празник го дава папата Пио VII на почетокот на XIX век.

Токму пред тешките времиња кои биле исправени пред Европа и пред целиот свет Дева Марија преку деца ги повикува верниците да го молат Нејзиното Безгрешно Срце и тоа молејќи света Бројаница секој ден и вршејќи ја побожноста пет први саботи во месецот, присуствувајќи на света Литургија, примајќи света Причест и петнаесет минути размислувајќи за едно од таинствата на светата Бројаница.

Во вториот дел од фатимската тајна Дева Марија го повикува светот на посвета и воспоставување на побожноста кон Безгрешното Срце како заштита и оружје против злото, како надомест за навредите кои се нанесуваат на Нејзиното и на Исусовото Срце и како моќно средство за спасение на душата. На крајот Блажена Дева Марија додава: „На крајот моето Безгрешно Срце ќе победи.“

По оваа охрабрување Црквата со своите верници можеше единствено и апсолутно да се препушти на водството и заштитата на светата Мајка на Спасителот на светот.

Оваа охрабрување најдобро е видливо во примерот на папата Пио XII кој со еден свој вдахнат потег оваа побожност ја доведе до својот врв. Имено овој Петров наследник во екот на Втората светска војна на 8 декември 1942 година ја посветил целата Црква и светот на Марииното Срце. Со тоа свое дело папата Пио XII не мислел само на Црквата и луѓето во тоа време кои го преживувале стравот на војната. Тој повик до Безгрешното Срце Мариино важи и денес и ќе важи сѐ до крајот на светот.

Постои една ангдота која вели како некој болен човек го молел Исус да оздрави. Човекот бил инвалид, неподвижен, но во него имало искрена желба да може повторно да оди. Кога медицината го отпуштила во него останала мала надеж и одлучил да се сврти кон Бог. Така во една прилика отишол на ходочастие возејќи се во својата кола и го молел Исуса да оздрави. Бидејќи не добивал никаков одговор почнал гласно да го повикува името Исусово. Викал: „Исусе оздрави ме, Те молам! Тоа го повторувал неколку пати. Помалку лут, но и понатаму не губејќи надеж се замислил човекот, се досетил и одлучил овој пат смирено да му пристапи на Исус, но не како Бог, туку како дете на Дете: „Исусе ако не ме оздравиш, ќе те кажам на мајка ти!“ – рекол и со чудо станал како никогаш да не бил неподвижен. Исус го оздравува.

Оваа прекрасна анегдота ни зборува дека и невозможното станува можно ако не се посомневаме во верата, но ни го опишува и односот помеѓу детето и мајката, Исуса и Марија. Тој Бог останува секогаш дете кое го родила една жена Дева Марија го придружувала во животот, па дури и го дочекала и часот да ја гледа смртта, земската смрт на своето дете. Мечот кој го прободе Исусовото Срце го прободе и на Марија и тој меч на болка е во нивните срца сѐ додека ние кои живееме во овој свет не се поправиме.

Никогаш нема да останеме без Нејзиното силно застапништво, без мајчинската утеха и заземањето кај Исус. Да ѝго довериме секој нов ден и да не се плашиме затоа што додека сме под застапништвото на Марија ние сме во прегратката на Нејзиниот Син. Исус Христос тоа ни го ветува и нејзината порака од Фатима: „Моето Безгрешно Срце ќе биде твое засолниште и пат кој ќе те води до Бог.“

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот