Светиот Отец на 12 март 2017 година по повод својата пасторална посета на парохијата Света Магдалена од Каноси се сретна со родителите на децата крстени во изминатата година. На родителите им се заблагодари што се носители на живот и така и налик на Бог, извор на животот.
Како што беше спомнато, Светиот Отец на 12 март 2017 година попладне замина во пасторална посета на парохијата Света Магдалена од Каноси. На средбата со родителите на децата крстени изминатата година, папата Фрањо ги поздрави и рече:
„Ви благодарам што сте овде. Заморно е со децата да се стои на нозе и да се чека. Многу ви благодарам. Ве молам да се молете за мене затоа што ми е потребно, а јас ќе се молам за вас за овие деца правилно да растат и да станат добри луѓе. Ви благодарам што сте носители на животот; тоа е голема работа! Толку ве прави слични на Бог; донесувате живот; овој кој Он ви го дава. Ве повикува сега да се помолиме на Пресвета Богородица, а после ќе ги благословам вашите семејства“ – рече папата Фрањо на семејствата на неодамна крстените деца, започнувајќи да моли „Радувај се Маријо…“ На крајот сите ги благослови и ги отпушти препорачувајќи се уште еднаш во нивните молитви.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк