Средба на стопанствениците од Струмичкиот регион
Во парохиската сала на парохијата Свети Иван Крстител во Струмица на 7 јули 2015 година се одржа средба на свештениците од Апсотолскиот егзархат во Македонија со стопанственици од регионот.На оваа средба присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, кој на присутните им се обрати и им заблагодари за нивната ангажираност.
На самиот почеток од средбата о. Гоце Костов ги поздрави присутните и ја претстави целта на средбата, а потоа до присутните се обрати деканот на деканатот Свети Кирил и Методиј, о д-р Зоран И. Стојанов.
Во понатамошниот тек на средбата се говореше за продлабочување на меѓусебната соработката, запознавање и поврзување, како и да се покаже организирана социјална одговорност во заедништво со Црквата.
Во името на стопанствениците зборуваше Бранко Божинов, сопственик на ПВЦ дизајн од Василево, при што изрази надеж дека ваквите средби ќе продложат и во иднина.
Средбата е во организација на деканатот Свети Кирил и Методиј и свештениците о. Зоран И. Стојанов и о. Гоце Костов, а со благослов на бискупот Стојанов
к.мк