Средба на Папата со свештениците од Касерта

Пред светата Литургија Папата вчера се сретна и долго разговараше со свештениците и монасите кои престојуваат и делуват во бискупијата Касерта. Дијалогот се одвиваше во многу срдечена и семејна атмосфера. Поздравувајќи го Папата, епископот Џовани ’Д Алисе рече дека не напишал говор, бидејќи знае дека Папата вообичаено директно и искрено разговара со свештениците. „Затоа ви велам: добре дојдовте! Ова е нашата Црква, а овие се свештениците, подоцна ќе одиме да го видиме и останатиот дел на Црквата кога ќе славиме света Литургија“ – рече епископот.

Одговарајќи на поздравот на епископот, Папата рече дека напишал говор и дека сака да го предаде на епископот. Од срце ви благодарам за прифаќањето. Задоволен сум, но се чувствувам до некаде виновен бидејќи на празникот на вашата небесна заштитница, света Ана, ви создадов многу проблеми – рече Светиот Отец.

Одговарајќи на забелешката на Генералниот викар за несогласувањето со епископот, Папата рече како некои историчари тврдат дека епископите на првите црковни собори знаеле да се степаат, но на крајот знаеле сепак да се помират. Тоа не е добар знак, лошо е кога епископите зборуваат еден против друг, кога се создаваат спротивставени групи. Не велам дека во сѐ треба да бидат еднодушни, но секогаш треба да го чуваат единството на Црквата. Расправиите се пожелни, но не смеат да штетат на црковното заедништво. Епископската група треба да биде пример на заедништво – рече папата Фрањо.

Одговарајќи на прашање на еден парох, како да го подобри пасторалот кој ставајќи го на прво место Евангелието ќе ја зачува народното побожност, Папата рече дека треба да се чува гностичката религиозност, која наликува на некаква нехристијанска, не библиска молитва; тоа е гностичката молитва која преку некои „интимни“ групи влегла во Црквата. Тоа ми е слично на Њу Ејџ. Тоа е паганска, еретичка побожност. Не треба да се плашиме работите да ги нарекуваме со вистинското име бидејќи гностицизмот е ерес. Била првата ерес на Црквата – потсети Папата додавајќи.

Кога зборувам за вистинската религиозност тогаш мислам на побожноста за која зборува големиот Павле VI во апостолското писмо ‘Evengelii Nuntiandi’. Во тој документ папата Павле VI ја опишува народната побожност, тврдејќи дека и таа треба понекогаш да се евангелизира, бидејќи може да застрани и да не биде секогаш израз на вистинската вера. Ако народната побожност се темели на светата Тајна Крштение тогаш во себе има голема сила, вистинска е. Вистинската народна побожност се раѓа од чувство за вера за кое што зборува Вториот Ватикански Собор – рече папата Фрањо.

Одговарајќи на прашање за свештеничкиот идентитет во третиот милениум, Папата рече дека свештеникот треба да биде креативен. А ако сакаме да бидеме креативни во Духот, т.е. во Духот на Господ Исус тогаш нема друг пат освен молитвата. Ако некој епископ или свештеник не моли тогаш ја затворил вратата на креативноста која доаѓа од Духот и молитвата, иако и таа може да те одведе на крстот како што се случило со блажен Росмини – рече Папата.

Збоувајќи за молитвата, Папата рече дека таа се отвора аа Бог и ближниот. Црквата не треба да се затвора во себе, гледајќи во својот папок, не гледајќи понатаму од носот. Треба да излезе од себе и да се приближи на другите, со другите да разговара. За дијалог се потребни две работи: сигурност во сопствениот идентитет и отвореност на духот. Ако не знам кој сум, а се впуштам во дијалог тогаш во опасноста ја доведувам својата вера. Не може да се дијалогизира занемарувајќи го сопствениот идентитет, ниту однапред да се отфрли туѓото мислење. Секој човек може нешто да ни дарува, има своја историја и сопствено искуство, затоа мораме да го сослушаме – рече папата Фрањо.

Зборувајќи пак за односот помеѓу епископот и свештеникот, Папата рече дека духовноста на епархискиот свештеник се темели на исправните односи кои треба да бидат многу искрени. Не мора во сѐ да се согласуваме со епископот, но треба да се биде искрен и отворено да се изрази своето мислење: „Јас не мислам така, мислам поинаку.“ Треба исто така да се биде понизен па да се признае својот недостаток и да се прифати братската опомена – истакна Папата додавајќи дека озборувањето е најголем непријател на добрите свештенички и епископски односи.

Ако имаш нешто против твојот епископ тогаш оди кај него и кажи му. Тоа може да има и негативни последици, но биди човек! Ако си зрел човек, а кај својот брат свештеник гледаш дека нешто не чини, оди па тоа кажи му го во очи. Ако пак знаеш дека не поднесува братска опомена тогаш тоа кажи го на неговиот најблизок пријател или пак на неговиот епископ за да му овозможи враќање на вистинскиот пат. На другите за тоа не треба да зборуваш, бидејќи тоа е озборување. Ѓаволот ужива кога едни со други се озборуваме, бидејќи така се уништува темелот на свештеничката духовност. Уверен сум дека озборувањето најмногу штети на добрите односи – заврши Папата додавајќи дека радосен свештеник е елоквентен знак на добрите односи помеѓу свештеникот и епископот.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот