Средба на епископот Стојанов со митрополитот Јосиф во Лешочкиот манастир

Средба на епископот Стојанов со митрополитот Јосиф во Лешочкиот манастир

Во четврток 24 февруари 2022 година Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, во склоп на Синодалниот óд, во манастирскиот комплекс Лешок оствари средба со митроплитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

На средбата се разговараше на повеќе теми од христијанскиот живот, а беше посетен и гробот на преподобен Кирил Пејчиновиќ – Тетоец. Средбата се оствари во присуство на директорот на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, м-р Даријан Сотировски.

Полошката епархија се протега на територијата на градовите Тетово и Гостивар, а го опфаќа и Мавровско-реканскиот крај.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот