Средба на болни и стари лица во Скопската парохија

Средба на болни и стари лица во Скопската парохија

На 11 февруари 2017 година на празникот на Мајка Божја Лурдска, кога се одбележува Светскиот ден на болните, во скопската парохија Пресвето Срце Исусово е одржана молитвена средба на болни и стари лица.

Средбата започна со пеење на Богородични песни, по што г-дин Мато Микулец ја претстави катехезата на папата Фрањо упатена за Светскиот ден на болни и стари лица, на тема „Големи дела ми направи Севишниот“ (Лк 1,49).

Вториот дел од средбата содржеше молење на Света Бројаница, света Исповед и Света Литургија, која ја предводеше монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија. Во својата проповед бискупот Стојанов ги охрабри присутните, нарекувајќи ги „молитвени столбови во парохијата“.

Средбата која беше организирана од страна на скопската парохија и Македонски Каритас и на која присуствуваа околу четириесетина лица, заврши со агапе и заедничко дружење во парохиската сала.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот