Со света Литургија папата Фрањо ја заврши својата посета на Светата Земја
Салата на Последната вечера е место на сеќавање. Тоа го истакна папата Фрањо на 26 мај 2014 година, на крајот од своето апостолско патување, славејќи света Литургија со епископите од Светата Земја во салата на Последната вечера.
Црквата е родена во „движење“ и исто е повикан секој верник да оди во светот да ја навестува Радосната вест и својот живот да го прилагоди со Радосната вест, порача папата Фрањо.
Посебно го објасни значењето на салата за секој христијанин. Салата на Последната вечера нѐ потсетува на делење, братство, склад и мир меѓу нас. Колку љубов и добрина произлегува од оваа сала. Колку милосрдие испадна од тој извор, како река од својот извор, која започнува како поток и прераснува во голема река. Сите светци црпат од тој извор, рече Папата.
Последната вечера нѐ потсетува на раѓање на новото семејство, Црквата, која е основана од воскреснатиот Христос, семејство кое има мјака, Девица Марија. Христијанското семејство припаѓа на тоа големо семејство и во него наоѓа светло и сила пред предизивиците и потешкотиите во животот. Сите деца од секој јазик и народ се повикани да бидат дел од тоа големо семејство, како браќа и сестри, како синови и ќерки на единиот Отец на небесата, рече папата Фрањо на завршната Литургија од своето апостолско патување во Светата Земја.
Својата тридневна посета на Светата Земја Светиот Отец ја заврши заминувајќи за Рим со авион на израилската авиокомпанија Ел Ал, каде што пристигна вечерта 26 мај околу 23 часот. Папата Фрањо беше испратен од претседателот на Израел Шимон Перез и премиерот Бенџамин Нетањаху, на кои Папата им рече: „Ќе молиме за Вас и вие молете за нас“.
РВ/го*ко