Папата Фрањо изрази сочувство за атентатот извршен на 29 јануари 2017 година, во еден Исалмски културен центар во Квебек, Канада, во кој загинаа шест, а ранети се осум верници.
Во телеграмата упатена до надбискупот Луиџи Бонази, нунциј во Канада, Светиот Отец ја изрази својата близина на жртвите и нивните семејства, и на сите кои дојдоа да помогнат, молејќи за нив Божја утеха. Папата Фрањо потоа повторно одлучно го осудува насилството кое предизвикува големо страдање, молејќи од Бог дар за взаемно почитување и мир и повика Божји благослов за сите кои се погодени од таа трагедија. (…)
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк