Папата Фрањо е длабоко ожалостен заради последиците од свлечиштето на земјата во Сиера Леоне – стои во телеграмата која ја потпишува Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин.
Имено, во таа африканска земја во свлечиштето на земјата и поројот од кал по силните дождови загинаа повеќе од 400 луѓе, меѓу кои 60 деца. Силните врнежи кои ја погодија Сиера Леоне, една од најсиромашните земји во светот, буквално го срушија брегот над главниот град Фритаун, при што ги „проголта“ куќите и нивните жители. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде многу поголем.
Светиот Отец во телеграмата ја изразува својата близина на оние кои ги загубиле своите сакани. Се моли за оние кои страдале во свлечиштето, а на ожалостените членови на семејствата и пријателите моли Божји благослов за сила и утеха. Исто така ја изрази својата солидарност со спасителите како и со сите оние кои помaгаат и ја поддржуваат жртвата од таа страшна несреќа.
РВ/к.мк