Сочувство на Папата по повод смртта на кардинал Корец

Папата Фрањо изрази сочувство по повод смртта на кардинал Јан Хризостом Корец, исусовец и бискуп во мирување на Нитра, Словачка. Благопокојниот кардинал почина на 24 октомври во 92 година од животот. Во телеграмата која ја упати на претседателот на Словачката епископска конференција, Папата со многу чувства се спомнува на словачкиот кардинал, великодушен пастир кој во текот на својата долга црковна служба се покажа неустрашлив сведок на Евангелието и храбар бранител на христијанската вера и права на човечкото битие – стои во телеграмата на Папата.

Папата Фрањо се присети дека за време на чехословачкиот комунистички режим кардиналот Корец бил во затвор и со години му се оневозможувало слободно извршување на епископската служба, но тој не се исплашил од тоа, туку секогаш давал светол пример за јакост и доверба во Божјата промисла, како и верност кон Петрвоиот Престол.

Тајно вршејќи ја свештеничката служба, во Братислава заработувал како чистач, а потоа и како работник во една комунистичка хемиска индустрија. Знаел што е невработеност и сиромаштво. За време на комунистичкиот режим тајно има ракоположено над 120 свештеници.

Благодарам на Господ што ѝ дарува на Црквата таков искрен свештеник и епископ, и го молам Бог после многуте трпења да го прими својот добар и верен слуга во својата вечна радост – пишува на крајот папата Фрањо.

Погребот на благопојниот кардинал Корец ќе биде во сабота 31 октомври во катедралата во Нитра, во која ќе биде погребен. Обредот ќе го предводи кардинал Станислав Џивиш, краковски надбискуп.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот