Во телеграмата испратена до надбискупот на главниот град на Еквадор, папата Фрањо истакнува дека се моли за жртвите и преживеаните кои на 31 јануари беа погодени од маса кал, која во невремето падна од вулканот во близина на градот.
Жителите на овие области на главниот град на Еквадор Кито нема да го заборават 31 јануари. Билансот на таа катастрофа е 27 загинати и повеќе од 50 повредени; десетина урнати куќи и уште многу оштетени, и стотици бездомници или исчезнати лица. Според бискупите на таа латиноамериканска земја, папата Фрањо испратил телеграма, потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, во која ја изразува својата тага поради катастрофата и бројните жртви.
Папата Фрањо ја изрази својата тага до надбискупот од Кито, Алфредо Хозе Еспиноза Матеус, поради природните катастрофи кои го погодија овој сакан народ и кои предизвикаа многу жртви и материјална штета. Тој, исто така, изрази духовна близина со семејствата на жртвите, како и охрабрување за оние кои – како што се наведува во телеграмата – се ангажирани во напорниот процес на обнова на опустошените области.
Ватикан њуз/к.мк