Донација од Амбасадата на Суверениот Ред на Малта за потребите на Универзитетската клиника за детски болести Скопје

Донација од Амбасадата на Суверениот Ред на Малта за потребите на Универзитетската клиника за детски болести Скопје

Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Македонија, Неговата Екселенција Франческо Саверио Џуисти, на 07 февруари 2024 година донираше 3 All-In-One компјутери за потребите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Церемонијата за донација на опремата се одржа во просториите на Клиниката за клиника за детски болести во присуство на амбасадорот Џуисти, Професор д-р Констандина Кузевска Манева и д-р супспецијалист Весна Мицевска. На состанокот беше договорено дека и во текот на оваа година Амбасадата ќе продолжи како и во минатото да ја поддржува Клиниката.

Донациите на Амбасадата на Суверениот Воен Ред во Македонија претставуваат конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ, кои се иднината на земјата.

Според повеќе од 900 годишната традиција на Суверениот Воен Ред на Малта, амбасадата во Македонија најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи и во иднина, со цел да се помогне на најзагрозените и на лицата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот