Сочувство на Папата за жртвите во Мазапил
Преку својот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец упати порака со сочувство за несреќата во мексиканскиот град Мазапил. За време на процесијата во чест на заштитникот на градот, камион на кои му откажале сопирачките заврши во насобраните верници. Во несреќата загинале 26 лица, меѓу кои и четири деца.
Како што стои во пораката Папата е далбоко растажен поради веста за трагичната несреќа во Мазапил. Светиот Отец моли за вечен покој на покојните. На нивните семејства им изразува искрено сочувство, близина и надеж за брзо излекување на раните, поделувајќи им го својот апостолски благослов како „знак на надежта во Воскреснатиот Господ“.
РВ/го*ко