Советот за човекови права ја усвои резолуцијата за заштита на семејството

Изненадувачка и многу позитивна вест стигнува од ООН. Имено, Советот за човековии права на Обединетите нации на 26 јуни со дваесет и шест гласа за, четиринаесет против и шест воздржани, ја усвои Резолуцијата за заштита на семејството.

Во Документот се потврдува дека семејството е природен и основен составен дел на општеството и дека има право на заштита од општеството и државата, а усвоена е и одлука на следното собрание на Советот за човекови права на Обединетите нации, да се организира тркалезна маса за заштита на природното семејство.

Советот за човекови права на Обединетите нации, е основан во 2006 година; има 47 држави членки, кои ги бира со тајно гласање Генералното собрание на ОН: 13 држави од Африка, 13 од Азија, 8 од Латинска Америка и Карибите, 6 од Источна, како и 7 од Западна Европа и други држави.

Усвојувањето на Резолуцијата, која ја предложија 28 држави членки на Генералното собрание на Обединетите нации, не одеше лесно. Веќе неколку месеци од разни страни имаше обиди текстот на резолуцијата да се ублажи, настојувајќи да се внесе во Резолуцијата и заедници различни од семејствата втемелени на бракот помеѓу мажот и жената, со цел раѓање на деца. Сите тие обиди пропаднаа, вклучувајќи го и последниот, изразен во амандманот кој во текот на расправата го поднесе претставникот на Уругвај. После одбивањето на амандманот, се пристапи на гласање чии резултати ги разочараа очекувања на лобистите.

После претставувањто на содржината на Резолуцијата од страна на претставникот на Египет, за неа говореа и државите автори на текстот. Претставникот на Сиера Леоне истакна дека семејството е важно за промовирање на праведен државен поредок, а владата на Брегот на Слоновата Коска, обновата на единството на семејството, нарушено од последната тешка криза, ја смета за свој приоритет. Бидејќи амандманот беше отфрлен во корист на други видови на заедници, кои Русија ги сметаше за опасни за рамнотежата на изворниот текст, Велика Британија го предупреди Советот дека не треба да го слуша образложението на оние кои сакаат да „наметнат“ единствен модел на семејството.

Велика Британија ја подржаа Соединетите Американски Држави, како и Германија, Франција, Бразил, Чиле, Ирска, Австрија (во име на Европската Унија) и Аргентина. Индија, Виетнам, Алжир и Саудиска Арабија одлучно ја бранеа Резолуцијата, а потоа следуваше гласањето, чиј исход беше поздравен со голем аплауз од промоторите на Резолуцијата. За семејството гласаа дваесет и шест држави (Јужноафриканската Република, Алжир, Саудиска Арабија, Бенин, Боцвана, Буркина Фасо, Кина, Конго, Брегот на Слонова Коска, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија, Руската Федерација, Габон, Индија, Индонезија, Казахстан, Кенија, Кувајт, Малдави, Мароко, Намибија, Пакистан, Филипини, Сиера Леоне, Венецуела и Виетнам.

Четиринаесет држави гласаа против Резолуцијата за заштита на семејството: Германија, Австрија, Чиле, Естонија, Соединетите Американски Држави, Ирска, Италија, Јапонија, Црна Гора, Северна Кореа, Чешка, Романија и Велика Британија, а се воздржаа државите: Аргентина, Бразил, Костарика, Македонија, Мексико и Перу.

РВ/С.С.

Категорија: Свет

За авторот