Смислата на Коледарските огнови

Коледарските огнови се една прекрасна традиција на Црквата, кои доколку се практикуваат во нивната изворност и ја рефлектира христијанската симболика можат да бидат од голема помош за новата Евангелизација. Симболиката на коледарскиот оган е следната:

Евангелието нѐ известува дека на Витлеемските полиња имало пастири, кои први ја слушнале веста од ангелите дека се роди Спасител Бог. Тие се собрани околу огнот, кој во ноќта, во темнината дава Светлина, и затоа огнот односно Светлината го симболизира Христос и кога слушаат за Неговото раѓање, брзаат да ја пренесат таа Радосна вест низ куќите. Затоа и постои тој обичај, децата, кои се симболика за пастирите, да одат од куќа до куќа пеејќи коледарски песни со кои се навестува раѓањето Христово. Но истовремено тоа е и повик на Божиќ да се присуствува на света Литургија, односно да се упатат на местото каде што се раѓа Исус, а тоа за Божиќ е секоја Црква, каде што се служи света божиќна Литургија и да му се поклонат на Богомладенецот Христос.

Еден христијанин секогаш настојува „во очи на Божиќ“ да го запази и да не го наруши Божиќниот пост и тоа посебно со јадења, алкохол и забави. Сѐ она што е поинаку од ова, сѐ што е пропратено со поинакви обичаи и пракса е друга работа и скоро да нема ништо со Христос и Неговото Рождеството.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот