Слово на живот, jануари 2023

Слово на живот, jануари 2023

,,Научете се да правите добро, барајте правда“ (Исaија 1,17).

Словото на живот за месец јануари е земен од првото поглавје на пророкот Исаија. Оваа фраза е избрана за молитвената Недела за единство помеѓу христијаните која се слави на северната хемисфера од 18 до 25 јануари. Текстовите се подготвени од група христијани од Минесота во САД1. Правдата е жешка тема. Нееднаквостите, насилството и предрасудите растат на терен во општеството кое се бори да сведочи за културата на мир и единство.

И времињата на Исаија не се разликуваа многу од нашите. Војните, бунтовите, потрагата по богатство, моќ, идолопоклонство, маргинализацијата на сиромашните го натераа народот на Израел да го изгуби својот пат. Со многу остри зборови, пророкот го повикува својот народ на преобраќање, укажувајќи на патот за враќање на првобитниот дух на сојузот што Бог го склучил со Авраам.

,,Научете се да правите добро, барајте правда“ (Исaија 1,17).

Што значи да се научи да се прави добро? Треба да се ставиме во позиција да учиме. Тоа бара напор од наша страна. Попатно секој ден имаме нешто да разбереме, да подобриме, можеме да почнеме одново ако направиме грешка.

Што значи да се бара правда? Тоа е како богатство кое мора да се бара, посакува, тоа е целта на нашето дејствување. Практикувањето на правдата помага да се научи да се прави добро. Тоа е да знаеме да ја сфатиме Божјата волја, што е наше добро.

Исаија нуди конкретни примери. Луѓето што Бог ги претпочита најмногу, затоа што тие се најнезаштитените, угнетените, сираците и вдовиците. Бог го повикува својот народ конкретно да се грижи за другите, особено за оние кои не се во состојба да ги бараат своите права. Верските практики, обредите, жртвите, молитвите не му се пријатни доколку барањето и практикувањето на добрината и правдата не соодветствуваат со нив.

Во Минеаполис, град Минесота, во 2020 година, беше убиен Џорџ Флојд. Од ова убиство започна движење за елиминација на сите форми на расна дискриминација.

,,Научете се да правите добро, барајте правда“ (Исaија 1,17).

Ова слово на живот нè тера да им помагаме на другите, да имаме внимателен поглед, конкретно да им помагаме на оние на кои им е потребно. Патот на нашето преобраќање бара од нас да ги отвориме нашите срца, умови и раце пред сè за оние кои страдаат.

„Желбата и потрагата по правда отсекогаш биле впишани во совеста на човекот, самиот Бог ги ставил во неговото срце. Но, и покрај освојувањата и напредокот постигнат низ историјата, колку е далеку целосното остварување на Божјиот план! Војните кои се водат и денес, како и тероризмот и етничките конфликти, се знак на социјалните и економски нееднаквости, неправди, омрази.  […] Без љубов, почит кон личноста, внимание на неговите потреби, личните односи можат да бидат коректни, но можат да станат и бирократски, неспособни да дадат решителни одговори на човечките потреби. Без љубов никогаш нема да има вистинска правда, споделување на добрата меѓу богатите и сиромашните, внимание на посебноста на секој маж и жена и на конкретната ситуација во која се наоѓаат“2.

,,Научете се да правите добро, барајте правда“ (Исaија 1,17).

Да се живее за обединет свет значи да се преземе одговорност за раните на човештвото преку мали гестови кои можат да помогнат во градењето на човечкото семејство.

Еден ден, Ј. од Аргентина случајно се среќава со директорот на институтот каде што предавал и кој под изговор го отпуштил од работа. Кога директорот го препознава, тој се обидува да го избегне, но Ј. оди кон него. Го прашува за новости и директорот му кажува за тешкотиите во последниот период, дека живее во друг град и бара работа. Ј. се нуди да му помогне и утредента ја шири веста меѓу своите познаници дека бара работа за едно лице. Одговорот не чека долго. Кога директорот ја добива веста за понудата за нова работа, речиси и да не може да поверува! Тој го прифаќа тоа, длабоко благодарен и трогнат од фактот што токму личноста која еден ден беше отпуштена, конкретно се интересираше за него.

Ј. тогаш добива „стократно“ затоа што во тој момент му нудат две работни места кои отсекогаш ги посакувал откако почнал на факултет. И тој беше восхитен и трогнат од оваа конкретна Божја љубов3.

Уреди Патриција Мацола и тимот на Слово на живот

 

——————————-

2 К. Лубих, Слово на живот Ноември 2006, во истото, Слово на живот, уредено од Фабио Сиарди (Дела на К. Лубих 5; Città Nuova, Рим 2017) стр. 795.

3 Преземено и адаптирано од „Евангелието на денот“, Città Nuova, година VIII, н. 1 јануари-февруари 2022 година.

Категорија: Вести, Духовност

За авторот