Папата апелираше за хуманитарна помош за Судан

Папата апелираше за хуманитарна помош за Судан

Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов во недела 12 ноември 2023 година, апелираше до лидерите во Судан да го олеснат пристапот до хуманитарна помош за настраданиот народ и со помош на меѓународната заедница да работат на мирно решение на граѓанската војна.

Светиот Отец го сврте вниманието на сериозната хуманитарна криза во Судан предизвикана од граѓанската војна која трае веќе неколку месеци и не покажува знаци на смирување. Папата Фрањо ја истакна својата тага поради бројните жртви, милионите раселени лица и бегалци во соседните земји и многу сериозната хуманитарна ситуација.

Ја изразувам мојата близина со оние драги луѓе на Судан кои страдаат и ги повикувам локалните лидери да го поттикнат пристапот до хуманитарна помош и со придонес на меѓународната заедница, да работат на изнаоѓање мирни решенија. Да не ги заборавиме нашите браќа кои се на искушенија!

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР, објави дека граѓанската војна во Судан протерала близу шест милиони луѓе од своите домови од почетокот на борбите во април оваа година. Директорот за надворешни односи на УНХЦР неодамна ја посети земјата и предупреди на страшно човечко страдање, велејќи: „Далеку од очите на светот и насловите, конфликтот во Судан продолжува да беснее“. Низ земјата се одвива незамислива хуманитарна криза, додека се повеќе луѓе се раселени поради немилосрдните борби.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот