На 12. март во просториите на Црвениот Крст на град Скопје се одржа средба за семејствата во организација на Движењето на Фоколарите.
На средбата учествуваа стари, млади, и деца од неколку градови во Македонија, кои заеднички споделија лични искуства од своите животи.
Во програмата богата со музички точки, искуства и глума се разговараше и за предизвиците на семејството во современото општество. На средбата беше истакната потребата од негување и зачувување на семејните вредности, како темел за постигнување на здраво општество .
Средбата заврши со заедничко дружење во просториите на салата.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк