Скопје: Започнaа духовните вежби за свештениците
Во понеделник, 28 септември 2015 година во Скопје започнаа овогодинешните духовни вежби. Водител на духовните вежби е дон Иван Штироња,национален управител на Папските мисиски дела во Босна и Херцеговина. Размислувања за свештеничкиот живот ги темели врз текстови од Светото Писмо. Заедно со својот бискуп на литургиските славења, размислувања и молитви присуствуваат свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска биксупија.
Духовните вежби ќе завршат во четврток 1 октомври.
к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија