Скопје: Заврши семинарот за екологија

Скопје: Заврши семинарот  за екологија

Под падините на Водно во прекрасна атмосфера на пријателство и христијанска радост, се одвиваше семинарот посветен на: “Екологијата во животот, морален аспект и животна средина”. Младите од Скопје, Струмица, Радово, Нова Маала и Чанаклија, расправаа, размислуваа и споделуваа искуства кои ги поврзуват во погледот на сегашноста и иднината. Дојде до израз младешката амбициозност и зрелоста на сегашната генерација млади луѓе, кои одговорија на повикот на својот бискуп и преизвикот на секојдневието кое го живеат.

Беа изложени темите од Евангелието:

1. Maтеј 6,29 и Лука 12,27; подготвена од Отец Гоце Костов – парох во Струмица и директор на Радио Марија, Македонија и уредник на порталот Kатолици.мк.

2. Лк. 12,25 и Марко 11,15; подготвена од Отец Спасо Ристов – парох во Нова Маала и Чанаклија.

3. Рецитал од книгата – “Каде е Бог?” на Хулијан Карон. Подготвен од oтец д-р Зоран И. Стојанов – парох во Радово и декан на Деканатот свв. Кирил и Методиј, а го представија младите од Радово.

4. Работата во групи беше тест кој покажа дека младите интелектуалци се подготвени на предизвикот на времето.

Семинарот започна со благослов на бискупот монс. д-р Киро тојанов, кој ги повика младите да бидат отворени и подготвени на соработка, а пораките да ги пренесат по парохиите и меѓу своите врсници. Тие пак од своја страна заедно со своите пароси потврдија дека во блиска иднина пак ќе се сретнат и со радост ќе ги прифатат и другите кои споделуваат исти вредности.

з.и.с

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот