Синдром на Паунова опашка: Зошто не успеваме да ја препознаеме Божјата волја во својот живот
Прилично е вообичаено и исправно да се зборува за „препознавање на повикот“ – особено повикот за посветен живот или светштеничкиот повик, но и повикот за брак, кариера и други големи одлуки. Сепак во модерната западна кулура, идејата за препознавање на повикот стана проблематична, создавајќи непотребна неодлучност и мака.
Проблемот не е во класичните концепти, ниту во јазикот, туку во нас и нашиот начин на размислување. Обликувани со модерната чувствителност на силната самосвест и културниот консумеризам опседната со можноста за избор и „потрагата по среќа“, премногу мислиме за себе и своите желби. Често во повикот бараме погрешни работи. Според тоа, и на препознавањето на нашиот повик му пристапуваме на погрешен начин.
Ова е вистината за сите: за повиците како бракот и работата, како и за повиците за посветен живот и свештенството. Во сите тие области, во идејата на повикот ги донесуваме очекувањата кои нашите предци ги немале. Мислиме дека откривањето на повикот се состои во заклучокот дека тие очекувања ќе бидат исполнети. Стануваме фрустрирани кога изгледа дека ниту една опција добро не ни се вклопува.
Нашите очекувања се погрешни. Свесно или не, понекогаш очекуваме дека животниот повик ќе ги реши сите наши проблеми, ќе одговори на сите наши прашања и ќе ги исполни сите наши желби. Но, тие не се целите на повикот. Препознавањето на повикот исто така не се состои во пронаоѓање на изборот кој ќе ги исполни тие очекувања.
Твојот повик нема да ја достигне таа нереална надеж. Ништо на овој свет нема да одговори на сите твои прашања, нема да ги реши твои проблеми, ниту ќе ги исполни сите твои желби. Тие се невозможни, незрели амбиции и голем дел од духовниот живот се состои во сфаќањето дека тие се невозможни и незрели.
Целта на животот е обединувачко побожно служење на Бог кое ја вклучува љубовта кон нашиот ближен (во кој престојува Бог). Таа е вистинската смисла на секој повик. Некои облици на живот како монаштвото, директно се насочени кон таа цел: другите се насочени индиректно. Но, тоа се само различни верзии на еден човечки живот: да го сакаш Бог и да Му служиш, и во Христос да станеш едно со Него.
Повикот – секој повик – е училиште на љубовта и пат на жртвата. Твојот повик е начинот на кој што твоето себично его ќе умре, за да биде подигнат како слуга и миленик Божји. Единствено тоа можеме да го очекуваме: на тоа е сè – смислата на животот, сè што навистина постои.
Во својот повик ќе научиме да се откажеме од своите прашања, да го носиме крстот на своите проблеми и ќе бидеме таинствено исполнети дури и кога не сум среќен. Можеме на некој начин да избереме на кој начин ќе го поминеме тој процес; но, се додека сме во милоста Божја, не можеме да избереме дали ќе го пронаоѓаме или не. Ми изгледа дека тој е ставот со кој треба да влеземе во препознавањето на повикот. Не избирам помеѓу производот и моделот во трговијата, барајќи совршено да ми стои или да биде најдобрата вредност за парите. Наместо тоа, човекот е соочен со прашањето: Како да го изгубиме својот живот за да го спасиме? (Лк 9,24).
Од сите погрешни очекувања кои ги донесуваме во препознавањето на повикот, можеби најопасно е очекувањето „конечно сè ќе има смисла.“ Замислуваме дека нашиот вистински повик, кога ќе го пронајдеме, ќе донесе нешто како потполна поврзаност и решавање на нашиот фрагментиран, скршен, нерешен живот.
Модерниот живот – во комбинација со голема сила и нестабилност – поттикнува и внатрешна фрагментираност на психата и интензивно насочување на себе си, што таа фрагментираност ја прави посебно болна. Природно сакаме да ги споиме деловите, да ги поврзиме лабавите краеви. Но, не можеме тоа да го очекуваме во текот на нашиот сегашен, земски живот.
Сигурно, вистинскиот повик ќе донесе одредена поврзаност: личноста ќе ја сфати својата задача, својот пат, на нов начин. Ќе има одредено ниво на јасност, барем за прашањето по кој пат треба да тргнеш на ходочастие кон својата конечна дестинација.
Но, замка е – можеби многу честа – да мислиш дека мојот повик ќе ги разреши и собере сите расфрлани парчиња на сложувалката на мојот живот, лекувајќи го целото внатрешно раздвојување и болната неповрзаност на моето минато, сегашност и иднина. Твојот повик нема на тој начин да даде смисла на животот.
Препознавањето на повикот не е пронаоѓање на сокриен магичен клуч кој ќе го отклучи твојот живот и ќе ја реши загатката на твоето срце. Кога ќе сфатиш што треба да правиш со својот живот и започнеш така да живееш ќе ги има истите мистерии како до сега. Твоите секојдневни забуни, фрустрациите кои се повторуваат и длабоката збунетост, ќе останат. Животот, дури и животот осветлен со вера ќе биде загатка – барем толку колку што било порано.
Така мора да ни биде на земјата. Работите ќе се променат дури во светот кој доаѓа: таму јасно ќе го видиме она што сега го гледаме „лице во лице“ (1Кор13,12), каде што моето трајно и вечно име – кое сега не го знам – ќе ми биде дадено“ (Отк 2,17). Твојот повик не е одговор на прашањето за твоето битие; тоа е само дел од Божјото ветување дека одговорот ќе биде даден на крајот.
Твојот повик нема да го излекува ниту длабокото чувство на непотполност и желбите кои ги чувствуваш. Пресудно е ова да го сфатиш. Многумина не успеваат во својот повик – можеби посебно во повикот на брак – бидејќи очекувале дека нивниот животен повик ќе ги задоволи или барем ќе го отстрани невозможниот и неискажаниот копнеж кој постои во нив: таа чудна мешавина на стравопочит, желба и тага пред таинството на постоењето.
Но, твојот повик, без разлика зашто е, тоа не може да го направи. Тоа е нашиот копнеж се додека сме на овој свет. Мораме да го носиме и да дозволиме да стане „слободно место за Бог.“
Сето тоа – тага и збунетост во животот – ќе те следи во твојот повик. Ќе постојат, без противречност, заедно со радоста и вистината на Евангелието. Тоа мораме да го претрпиме додека целосно не се соединиме со Бог во вечноста.
Но, тоа соединување мора да започне сега и овде, ако воопшто се случи. Твојот повик на крајот на краиштата е само начин на кој ќе дозволиш да се случи.
„Не може да се побегне од себе“, вели мудроста. Тоа можеби делумно е вистина, барем во природните закони. Но, не е вистина за законот на милостите. Таму Бог пружи излез или нешто подобро од излезот во бегство: трансцеденција која ги чува сите наши природни дарови, додека го одвраќа нашето внимание од самите нас. Остануваме тоа што сме: но нашето внимание едноставно се доверува на Бог – „Кој е насекаде присутен и сè исполнува.“
Така сме побегнале: не гледаме повеќе на себе, нервозно ниту горделиво ниту на било кој друг начин освен на основниот, на неопходниот минимум. Едноставно гледаме во Христа и во нашиот ближен со кој Он се поистоветува. (Парадоксално, дури тогаш – кога речиси целосно сме заборавиле на себе – гледаме сè исправно и знаеме кои сме навистина).
Но, тој е единствениот излез. Не можете да тргнете кон препреката и едноставно да се ожените или да станете мисионер или да ја промените кариерата или да отидете во манастир. Таквите избори мора да се направат и таквите одговорности да се прегрнат: но, тие нема самите по себе да ни пружат некаква прилика за бегство. Тие се надворешни ситуации, само потребни средства, околности во кои нашето ослободување станува возможно.
Ќе влезеш во нова состојба на животот, свој избор, од Бог испратено звање; па сепак, бидејќи не си радикално обновен, ќе го искусиш како поголем дел да ти е познато, еднаш кога ќе престане да биде новост.
Еден ден тоа нема да биде така: ќе бидеш променет, ако истраеш. Но ова промена нема да се случи само со промена на околностите. Тие ќе те преобликуваат – Бог преку нив ќе те преобликува – во текот на годините.
Полека ќе бидеш ослободен од замката на себичноста во која си роден. Во училиштето на Твоето звање Христос ќе те учи како да ги заборавиш своите желби, па и своите потреби заради љубовта која „не бара свое“ (1Кор 13,5).
Кој повик и да го прегрнеш, твоето звање ќе биде начин на кој целосно ќе го пуштиш Исус во својот живот, учејќи да го сакаш Бог повеќе од себе.
Тоа не значи опсесија со некоја сентиментална идеја, ниту обожавање на некоја вкоренета мисла на апстракција. Тоа значи да ја живееш во полнина реалноста: да го препознаваш и љубиш Господ Кој е потполно надвор, а сепак насекаде присутен (…)
Едно од тие лица би требало да биде твоето сопствено, а светлината на твоите очи треба да биде светлината Христова кој во тебе престојува: ова е целта на твојот повик, каков и да е.
Но, нема да ја достигнеш таа цел со обичните човечки средства: не со пресметување, стратегија, внимателно избегнување на ризикот кои така излгеда – но, така само изгледа – го движат светот.
Централното прашање за препознавање на повикот е: Како да умрам со Христос за да воскреснам со Него? Како да го изгубам својот живот за да го пронајдам? Што ќе ме доведе до точката во која со свети Павле можам да кажам: „Живеам, но јас не живеам повеќе, туку Христос живее во мене.“
Таквото рзмислување е повеќе од спротивно на културата; да ги наминеме нашите природни стремежи: Но, таа е перспективата на Евангелието – ставот на Христос кој сам себе се понизи (Фил 2,6) – став кој треба да постои и во нас. И единствено со таков начин на размислување можеме да ги оживееме трите повици – брак, посветен живот, свештенство – кои во моментот се во криза.
Бенџамин Ман| www.catholicexchange.com/Ивана Босниќ /Битно нет/к.мк./Д.И.