Сестрите Усмиленки го прославија својот патронен празник

Сестрите Усмиленки (Ќерки на христијанската љубов) кои делуваат во Скопје, на 27 септември го прославија патрониот празник, денот посветен на нивниот основач свети Винко Паулски. Одбележувањето на празникот започна со утринска света Миса која ја прдводеше скопскиот парох дон Давор Топиќ. Во текот на целиот ден вратата на сестрите беше ширум отворена за сите верници и луѓе со добра волја кои имаа желба да им го честитаат празникот на сестрите и да им заблагодарат за сите добри дела на човекољубие и богољубие.

Во Македонија сестрите Усмиленки делуваат уште од 1924. и тоа во скопската и битолската парохија.

Свети Винко е основач на Братството на христијанската љубов, Дружба на мисионерите – Лазаристи и Ќерќи на христијанската љубов – Усмиленки. Сржта на неговиот живот и делување е љубовта кон ближниот, особено кон сиромашните. На бедните и несреќните тој им го вратил човечкото достоинство и покажал дека љубовта не може да се оддели од почитувањето. Сиромашните ги нарекол „наши господари“. Важен е и по тоа што тој го возобновил верскиот живот во тоа време. Со негова заслуга се основани семинарии, а неговото влијание било големо помеѓу монасите и монахињите, свештениците и епископите. Се смета за голем реформатор на духовнот живот.

 Е.Абјаниќ

Категорија: Македонија

За авторот