Сестрите Евхаристинки од Гевгелија продолжуваат со својот молитвен синодален ôд

Сестрите Евхаристинки од Гевгелија продолжуваат со својот молитвен синодален ôд

Сестрите Евхаристинки во рамки на Синодалниот ôд во Струмичко -скопската епархијата „Успение на Прсвета Богородица“ што започна на 17 октомври 2021 година во катедралата во Струмица во својата парохија Свети Петар и Павле во Гевгелија продолжуваат да молат за успех на Синодата.

Под мотото „За една Синодална црква: заедништво, учество и послание“ сестрите Евхаристинки со група верници од Гевгелија овој пат молитвениот синодален ôд го продолжија во месноста Паљурци на темелите на Светилиштето Свети апостол Павле и Света Марија Утешителка – Паљурска.

На темелите на Светилиштето Свети Павле и Света Марија Утешителка – Паљурска од Апостолот на народите и од Мајка Божја молеа да се застапуваат пред Господа Бога за успех во Синодалниот ôд.

Имено, според преданието месноста Паљурци го добива името според свети апостол Павле за кој се верува дека при своето патување престојувал и во тој дел, а Светилиштето Света Марија Утешителка – Паљурска е прогласено од епископот монс. Епифание Шанов, а возобновено од денешниот Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов.

Паљурци добива на свое значење од основателите на Сестрите Евхаристинки, о. Јосиф Алоати и с. Еврозија Алоати, каде што се простирал и познатиот манастир на Сестрите Евхаристинки преку кој многумина беа исполнети со Божја благодат, а и денес на руините на манастирот и манастирска црква се случуваат вистински Божји чуда. Сите оние што искрено се обраќаат за помош до Божјите слуги о. Јосиф Алоати и с. Еврозија Алоати преку застапништвото на Марија Утешителка – Паљурска Бог ги услишува нивните молитви и ги исполнува со вистинска Божја утеха и радост.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот