По повод денот на основањето на монашката заедница на сестрите Евхаристинки, 21 април, сестрите Евхаристинки од Гевгелија со група верници го посетија Паљурци и на темелите на црквата Свети Павле молеа света Бројаница, пееја духовни песни и му благодареа на Бога за благодатта за основање на Заедницата на Сестрите Евхаристинки. Истовремено се молеа за нови и свети духовни звања и таа накана ја препорачуваат во молитвите на верниците.
На 21 април 1889 година во Солун е основана монашката заедницата на Сестрите Евхаристинки од страна на сестра Еврозија Алоати и нејзиниот брат, отец Јосиф Алоати, свештеник лазарист, а од ова место сестрите се грижеле за духовните и телесните потреби, посебно за децата сираци, но и за секој човек во потреба.
Сестри Евхаристинки, Гевгелија