Сестра Рафаела Петрини е именувана за генерална секретарка на Државната управа на градот Ватикан
Папата Фрањо ја именува сестрата фрањевка Рафаела Петрини за нова генерална секретарка на Државната управа на градот Ватикан. За нејзин заменик е именуван италијанскиот адвокат Џузепе Пуглиси-Алибранди, шеф на правното одделение на Управата.
Сестра Рафаела Петрини е член на фрањевските сестри на Евхаристијата. Од 2005 година работи како службеничка во Конгрегацијата за евангелизација на народите. Таа е родена во Рим на 15 јануари 1969 година и дипломирала политички науки на Слободниот меѓународен универзитет за општествени науки Гвидо Карли (LUISS) и докторирала на Универзитетот Свети Тома Аквински, каде што моментално е професорка.
Папата именува и нејзин заменик – италијанскиот адвокат Џузепе Пуглиси-Алибранди, кој досега ја водеше правната канцеларија на државната управа на градот Ватикан. Алибранди е роден во Рим на 23 октомври 1966 година и дипломирал право на Универзитетот во Ла Сапиенца. Од 2014 година е службеник во управата, а од 2017 година е раководител на правното одделение.
Кардиналот Мауро Гамбети е именуван за член на Папската комисија за државата Ватикан.
Ватикан њуз/к.м