Сестра Еврозија како вероучителка

Сестра Еврозија како вероучителка

Еврозија се залагаше многу како вероучителка и блескаше од радост, бидејќи на тој начин можеше да му служи на Божествениот Учител.

Посветеноста на Еврозија кон малите души беше за секоја пофалба. Таа се служеше со мали средства, со кои постигнуваше големи резултати.

Таа сакала на своите мали ученички да им ја покаже љубовта кон Исус во пресветата Евхаристија. Особено нејзината посветеност била голема, кога девојчињата ги подготвувала за примањето на пресветата Причест. Каква стрпливост, каква мајчинска љубов пројавувала таа, за да ги исчисти малите души од сите несовршености и да му ги предаде на божествениот Спасител чисти и непорочни. А таа преданост и таа љубов на Еврозија кон Исус – Евхаристија секогаш давала изобилни плодови. А малите души, по правило по светото причестување, се разликувале од своите другарки со своето добро поведение и со предаденоста кон Божјата слава.

Парохискиот свештеник, како и мајките на малите ученички, го благословувале Бога, зашто им дал еден таков ангел-чувар, кој ги водел нивните души по патот на спасението.

(текстот е извод од книгата „Благородното дело на отец Јосиф и на сестра Еврозија Алоати од Д-р Христо Драгов)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот