Сестра Евгенија Бонети ќе ги подготви размислувањата за Крстниот пат на римскиот Колосеум
Привремениот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Алесандро Џизоти најави дека сестра Евгенија Бонети претседателка на здружението „Slaves no more“ ќе ги подготви размислувањата за Крстниот пат во римскиот Колосеум на Велики петок.
Размислувањата за овогодинешниот Крстен пат во римскиот Колосеум ќе бидат посветени на страдањето на жртвите на трговијата со луѓе. Папата Фрањо составувањето на текстовите го довери на сестра Евгенија Бонети мисионерка во редот Пресвета Богородица од утехата и претседателка на здружението „Slaves no more“ – рече привремениот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Алесандро Џизоти.
„Slaves no more“
Здружението „Slaves no more“ е основано на 29 декември 2012 година, на поттик на монаси, монахињи и лаици кои веќе подолго време на разни начини се ангажираат во борбата против трговијата со луѓе и заштита на жртвите. Претседателката Евгенија Бонети која 20 години се занимава со ова појава која опфаќа повеќе илјадници девојки, најмногу мигрантки.
Со тоа здружение сакавме уште поделотворно да работиме – објаснува мисионерката, за да се бориме против насилството над жените и да се сузбие појавата трговија и тоа работејќи во мрежа со други групи, институции и здруженија во Италија и во странство (…) – рече сестра Евгенија.
По кратката збунетост во првиот момент сфатив дека тоа би можело да биде голема прилика не за мене, туку за големиот број луѓе кои во текот на години сме ги запознале, на кои сме им помогнале, на кои им помагаме, луѓето со кои сме ја поделиле нивната Голгота. Тоа ќе биде прилика за предупредување на проблемот со трговијата со луѓе, за сфаќање колку болка носиме заради својата рамнодушност. Ништо повеќе не може да нè допре, не сме повеќе во состојба зад проблемот да го видиме човекот – со тие зборови за Радио Ватикан, сестра Евгенија Бонети ги изрази своите чувства откако дознала дека нејзиното долго искуство меѓу последните, папата Фрањо го избрал за размислувањата за постојките на Крстниот пат во Колосеумот.
Сестра Евгенија Бонети 24 години живеела во Африка, но признава дека на најтешката, најмачната и понижувачка мисија била во својата земја, во Италија која се смета за христијанска, католичка земја, но која има големи човечки недостатоци и која се стреми за благосостојба и кариера не сфаќајќи дека тие работи го празнат срцето. Напротив, срцето би требало да биде полно со милосрдие, истакнува – би требало да биде способно да ги види туѓите страдања, а не уште повеќе да ги предизвикува.
Христос и денес трпи на улиците на нашите градови – напоменува монахињата и додава, умре за нас, но за да ни го даде дарот на воскресението. Во размислувањата за Крстниот пат сестра Евгенија ќе ги вброи прекинатите соништа на оние кои ја напуштиле својата земја барајќи подобар живот за да му помогнат на своето семејство, а наидуваат на злосторници кои ги искористуваат. Нивниот крст е тежок; затоа сакаме да се соединиме со нив за да ги поддржиме и најмногу за да ја прекинеме алката на тој синџир на искористување – истакнува сестра Евгенија.
Ватикан њуз/к.мк