Семинар на европските и африканските епископи за глобализацијата

Семинар на европските и африканските епископи за глобализацијата

Која промена во ткивото на Црквата, општеството и културата во Европа и Африка предизвика сѐ поголемата глобализација? Тоа прашање ќе биде водечката тема на семинарот кој ќе се одржи од 12 до 15 април во Фатима, Португалија.

Која промена во ткивото на Црквата, општеството и културата во Европа и Африка предизвика сѐ поголемата глобализација? Тоа прашање ќе биде водечката тема на семинарот кој ќе се одржи од 12 до 15 април во Фатима, Португалија, во организација на Советот на европските епископски конференции (CCEE) и Симпозиумот на епископските конференции во Африка и Мадагаскар (SECAM). Програмата за работа која ќе се одржи зад затворени врати, предвидува три заседавања, на кои еден европски и еден африкански епископ ќе зборуваат за влијанието на глобализацијата врз младите, врз миграцијата на човекот и врз екологијата.

Африканските и европските епископи обединети во заедничките предизвици

Соработката на епископите од тие два континенти за заедничките идни предизвици започна уште во 2004 година – рече монс. Дуарте дa Кунха, Генерален секретар на советот на европските епископски конференции. Целта на оваа е да се разменат искуства и взаемно да се помогне, и тоа во расудувањата, но и во предлозите кои треба да се применат. Сето тоа – истакна – обликуваше силна заедничка свест.

Глобализацијата, прилика која ne треба да се потцени

Африканските и европските епископи ја избраа темата глобализација затоа што добро знаат колку таа појава е разновидна; имено поттикнува позитивни влијанија на црковните заедници, но истовремено создава и предизвикува кризи и разделувања кои порано не биле познати. Позитивната последица од глобализацијата е соработката меѓу луѓето – рече монс. Да Кунха и објасни: Леснотија со која на пример еден африкански свештеник или мисионер лаик може да оди на помош во Европа и обратно. Порано таквото делување било еднонасочно: од Европа кон Африка.

Она што е лошо – додаде монс. Да Кунха – е извозот на лошите преовладувачки идеологии од Европа кон Африка. Овде мислам на новите идеи за човековата природа, на оние кои се против семејството, и оние кои го поддржуваат капитализмот кој стана див – рече Генералниот секретар на Советот на европските епископски конференции.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот