(Видео) Семинар за обука на волонтерите на Католици.мк и Светлина

Во Пасторалниот центар во Охрид од 27 до 30 јуни 2016 година интернет страницата Католици.мк и христијанското списание „Светлина“ одржаа семинар за обука на волонтери. Семинарот го отвори о. Гоце Костов, кој зборуваше за целта на семинарот, очекувањата и програмата за работа.

Средбата продолжи со предавање за пишување на соопштение и најава при што волонтерите имаа можност преку работа во групи да напишат најава и соопштение за одреден настан, како и предавања и работилница за начинот на кој се пишува вест.

На вториот ден од семинарот учесниците спроведоа анкета за значењето на милосрдието по повод Годината на милосрдие. Волонтерите на порталот анкетираа неколку учесници, а на крајот создадоа видео материјал од размислувањата и мислењата на анкетираните волонтери.

Третиот ден од семинарот го водеше о. Зоран И. Стојанов. Во овој дел учесниците беа запознати со животот и делото на Мајка Тереза преку работа во групи.

Во рамките на четиридневниот семинар беше вклучен и духовен дел: молитвена иницијатива која имаше за цел да се поттикнат учесниците да молат едни за други во текот на семинарот; работилница „По стапките на светците“ преку која учесниците имаа можност да се запознаат со еден светец на Црквата и да го претстават неговиот живот и дело, наследувајќи го неговиот пример во животот; учесниците изработија и „Молитвена скала“ на која секојдневно ги пренесуваат своите молитвени накани.

Семинарот заврши во четврток 30 јуни со света Литургија во црквата „Свети Бенедикт, Крил и Методиј“ во Охрид.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот