Семејство од БиХ од Неокатекуменскиот пат на мисија во Битола
Просветните работници од Жепче Јосипа и Тадија Мартиќ пред година дена одлучија ја искажаа својата подготвеност да заминат во католичка мисија. Бог ги испрати во Битола во Македонија, каде од септември минатата година живеат и помагаат на парохот дон Антун Нижетиќ и богословот Јосип Машина. Тие се воедно и првото семејство во послание од Неокатекуменскиот пат од Босна и Херцеговина.
Јосипа и Тадија Мартиќ целиот свој работен век го поминаа работејќи како просветни работници. Триесет и осум години се во брак, немаат деца. Јосипа е наставничка по историја и географија, а Тадија предавал биологија. До војната живееле во Травник, а во времето на воените случувања се прогонети во Жепче, каде живеат последните дваесетина години. Обајцата потекнуваат од традиционални католички семејства и верата им ја пренеле нивните родители.
„Можам да кажам дека моите родители ми ја развија љубовта кон верата. Нив ги воспитувале чесни сестри милосрдници и често ми говореа за искуствата кои ги имале со нив. Јас дури едно време во пубертетот имав желба да одам во чесни сестри, меѓутоа ете, после осмо одделение сепак реков не и останав во овој лаички живот“, истакнува Јосипа.
Тадија потекнува од многубројно семејство. Второ е од девет деца. Како дете редовно одел на неделната рана Литургија: „Мене во тоа време ме привлекуваше проповедта, бидејќи го паметам времето кога Литургијата беше на латински јазик. Да не беше проповедта, ништо немаше да разберам“.
Додека работеле како просветни работници во времето на комунизмот тешко им било да ја практицираат верата. Тогаш велат било срамота некој од колегите да те види да влезеш во црква: „Многу жалев поради тоа, тие години ми беа болни. Многу луѓе знаат да кажат како во времето на комунизмот никој никому не бранел да оди во црква. Јас со тоа не се согласувам. Паметам многу негативни искуства. После миропомазанието, па тогаш женидбата, не можев да ја практицирам верата и тогаш почувствував една празнина. Кога дојдоа демократските промени пред војната можевме да одиме во црква. Бев пресреќна што можам да одам на полноќна Литургија, опкружена со моите колеги и ученици“, нагласува Јосипа.
Времето на комунизмот и за Тадија било трауматично. За време на студиите во Сараево, вели, како се криел како крадец за да отиде на Литургија во црквата Свети Анте на Бистрик. „Многу трпев бидејќи сите тогаш се изјаснуваа како атеисти и на таа тема немаше разговор. Цело време мислев на Господ и држев до својата вера и она што ми го говореше мајка ми. Сине моли се на Светиот Дух! Кога почнав да работам, се појавија истите проблеми. Се сеќавам дека јас и Јосипа тајно се венчавме во Сараево. Во Жепче одев во црква, меѓутоа во Травник каде имаше црква во центарот на градот беше незгодно. Признавам, бев кукавица.
Јосипа и Тадија прв пат слушаат катехези на Неокатекуменскиот пат во 2003 година во парохијата Свети Анте Падовански во Жепче, кои како велат, го промениле нивниот живот.
„Многу прекрасни работи направи Господ во нашиот живот сите овие години. Немаме деца и поради тоа поминавме низ разни страданија. Можам да кажам дека слушајќи го Божјото Слово чувствував малку по малку раст во верата. Во нашиот брак заживеа молитвата. Кога би се скарале, бргу би простиле еден на друг. Секогаш знаев дека Бог ме сака, меѓутоа тоа го гледам сега на еден посебен начин“, вели Јосипа.
Тадија вели дека во својот живот седел на две стола. Отсекогаш бил католик, меѓутоа сега од ова искуство вели дека е тоа далеку од вистинското христијанство, повеќе личело на паганство: „Живеев со паролата – Земи сè што ти дава животот“. Слушајќи ги катехезите многу ме трогна псалмот – „О Боже, Ти си Бог мој“. И денес би заплакал кога би го слушнал. Ја почувствував убавината на Божјата љубов. Се сеќавам дека тогаш си реков себеси – „Боже, зошто така касно ја спознав таа убавина. Боже, каде си бил Ти досега? Меѓутоа сега гледам дека Бог бил стрплив и чекал во вистинскиот момент да го направи вистинскиот потег“.
Пред нешто повеќе од година дена Јосипа и Тадија искажаа подготвеност заминат во мисија. Тадија тогаш веќе беше во пензија, а Јосипа дадела отказ во училиштето. Бог одлучил да одат во Битола во Македонија. Тадија бил во војска во тој крај 1974 година.
„Пресреќен сум што Бог нè испрати во Битола. Таму живеат прекрасни луѓе. Војската не ја сакам и тоа е последно занимање кое би го избрал, меѓутоа со задоволство се сеќавам на луѓето, кои останаа во моето срце“.
Во Битола живеат со парохот дон Антун, кој е од Сплит и со Јосип, богослов од богословијата „Редемпторис Матер“ од Пула, кој е од Задар.
„Мислам дека тоа беше Божја замисла на некој начин да нè спои. И Антун и Јосип можеле да бидат наши деца. Толку години сме биле без биолошки деца, а денес Господ на некој начин ми даде духовно мајчинство и пресреќна сум со тој Божји потфат“ заврши Јосипа.
Преземено од КТА/ Иван Катавиќ
Превод: С.С.