Четиринаесетти ден: Душата, верна сопатничка на Пресветото Срце
Овој прекрасен назив ќе те обврзе да Го следиш Исус каде и да благоволи да те поведе. Без сомнение, ќе те води во земјата на сиромаштвото, понизноста и страдањето, зашто овие три работи беа љубени и верни сопатници на Неговиот земен живот.
Но не плаши се: човек е богат, славен и, пред сè, среќен кога е сиромашен, понизен и кога страда со Исус. Неговата љубов сè засладува.
Затоа, прифати ги сите немири, оскудици, понижувања и страдања што Исусовото Срце ќе ти ги испрати. Колку и да ти изгледа чашата горчлива, погледни Го Исус, Кој го испи најголемиот дел, и ќе најдеш сила да го испиеш остатокот.
Твојата духовна вежба ќе се состои во тоа верно да Го следиш овој драг Учител. Проучи го расположението на Неговото Пресвето Срце кон тебе и поддрувај Го во времињата на болка, борба и страдање. Не следи ги млаките ученици што Го напуштија Исус токму кога Му беа потребни на патот кон Голгота.
Добар Исусе, ќе Те следам секаде! Нежен Оче, не само на Тавор, туку и на Голгота!
Кармел-бси/к.мк

