Најважни доблести за вашите деца

Најважни доблести за вашите деца

Ви донесуваме 5 најважни доблести на кои можете низ текот на годината да ги работите со вашето дете – ден по ден, се разбира! Доблестите бараат храброст и трпеливост.

Помина доволно време од кога ја донесов последната новогодишна одлука – не зато што избегнувам поставување на цели или поради тоа што имам помалку амбиции (токму спротивното), туку затоа што верувам дека сите ние имаме многу можности за нов почеток во текот на целата година. Зошто почетокот на новата календарска година би била единствената можност за подобрување на нашите животи?

Како што знаете, повеќето луѓе имаат добри намери кога ги поставуваат своите новогодишни цели. Но тогаш многу бргу слушаме како тие одлуки брзо доживеваат неуспех, потоа избледуваат па така повеќе никогаш не се повторуваат или обновуваат. Наместо само еден старт на годината, усвоив целогодишен концепт со кој секој ден ќе пружам многу моменти кои можат да го променат нашиот начин во текот на животот и да се покаеме.

Секој ден од почеток

Покајанието и новите одлуки можеби одат „рака под рака“, но кога и да станува збор за воспитувањето на децата сметам дека е помудро да се применува концептот „секој ден од почеток“ отколку да се воведат промени наеднаш на годишно ниво, па така автоматски и драматично да се менува динамиката на домот. Нашите деца нѐ потсетуваат дека животот е неуредна и занесена црта, за разлика од оние возвишените одлуки со кои би тежнееле само кон остварувањето. Од таа причина најдобро е да го гледаме животот во делчиња или во делови на моменти, подобро отколку во денови, недели, месеци или години. Кога сме со душата и телото во сегашниот момент, поголема е веројатноста дека успешно ќе придонесиме кон среќно, здраво и свето воспитување на нашите деца. За возврат ќе го примениме нашиот личен раст во доблестите во текот на подучувањето на нашето дете со истите.

Во продолжение ви донесуваме 5 најважни доблести на кои можете да работите во текот на годината со своето дете – ден по ден, се разбира!

Трпеливост

Ако имате мали деца, ќе сфатите зашто трпението е толку голема доблест за да се усвои. Во нашиот дом, со две мали девојчиња на кои времето инаку им тече премногу бавно, поради што не можат да дочекаат скоро ништо – вечера, забавна активност, училишен автобус, доаѓањето на баба и дедо, па сѐ живо. Како воопшто ќе успееме нашите деца да ги научиме дека доблеста „долготрајно трпение“ е неопходна за нивниот внатрешен живот и преживување на овој свет?

Многу родители премолчано го одобруваат цвилењето, постојаното жалење на своите деца за тие дополнително да не се гњават. Морам да признаам дека и самата неколку пати ова го прифаќав често од очај. Но мислам дека е важно да се запомни дека нашите деца веќе не нѐ слушаат, туку само не гледаат. Така, ако јас не покажувам трпение во сообраќајниот метеж во кој што сум заглавена позади бавното возило (што е голема веројатно во руралниот крај во кој што живееме) зошто моите девојчиња тогаш би се однесувале подобро од мене?

Затоа тргнавме со мали чекори кон усвојувањето на вештината трпеливост, така што поставивме основа за правилата на чекање. Чекањето може да биде добра можност за претворање на фрустрациите во молитва. Мојата ќерка Фелисити особено е чувствителна на трпението во светот, на луѓето во потреба, затоа ова многу добро кај неа функционира. За Сара, бучавата и зборувањето, повеќе функционира во обработувањето на вербалните граници според старата поговорка: „Ако не можеш нешто убаво да кажеш, подобро е ништо да не кажеш.“

Заклучокот е дека едни на други се потсетуваме (дека, и возрасните исто така) кога приговараме со желба некои работи да се одвиваат побргу од тоа што моментално се случува. Тогаш изговараме тивка молитва за потребната жртва за онаа што го сакаме.

Љубезност

Во нашето семејство љубезноста е многу важна поради краниофацијално пораметување на Сара (пореметување на мускулите на лицето). Сите добро знаеме дека децата може да бидат сурови едни кон други ако некој е поразличен по изгледот или карактерот. Многу малите деца веројатно ќе изнакажат сѐ што им паѓа на ум, но без никаква желба за зла намера. Но ние откривме дека никој не е премногу млад за вежбање на љубезност кон другиот.

Љубезноста е многу тесно поврзана со блаженството на благоста како и со теолошката доблест на милосрдие. Всушност, сите тие доблести се родени од учителката – милост. Но љубезноста, кога ја искажуваме (покажуваме), навистина се темели на начинот како постапуваме со другите. Се разбира клишето секогаш добро функционира кога се во прашање децата, затоа велиме „Одиме да постапуваме со луѓето, онака како што сакаме со нас да се постапува.“

Децата ја воочуваат разликата – во мислењето, облекувањето, висината и тежината, однесувањето и говорот – повеќе или помалку во сѐ. На нашите девојчиња уште од мали им објаснивме како Бог нѐ создал различни, затоа што секој еден од нас има нешто посебно да понуди на светот.

Еден од начините со кои ги наградуваме малите дела на љубезност е со употреба на посебни чинии за ручек таканаречени Fruit – full Kids (оп.а. Fruit – full Kids помагаат на родителите за поттикнување и јакнење во развојот на христијанскиот карактер кај децата на забавен и едукативен начин) кој вели „Плодот на Духот Свети е … љубезноста.“

Великодушност (милосрдие)

Поради нашата горделивост, луѓето знаат да бидат многу себични созданија. Кај децата грабањето на работите е очегледен пример на себичност, не сакање за делење на играчките со другите како што е и вообичаената логика „она што е мое е само мое, а она што е твое е исто така и мое.“ Затоа дел од нашата родителска задача е да се поттикнува духот на великодушност по патот кон дарување кон другите.

Кога Фелисити имаше скоро шест години почна да нѐ прашува за работите кои ги слушнала во мојот разговор со Бен. Набргу потоа разви длабока загриженост за сиромасите па така почна секојдневно да се моли за нив. Кога спомна дека всушност не ѝ требаат подароци за роденден, ѝ предложивме наместо тоа да смисли начин како да им помогне на сиромасите.

Кога децата сведочат за радоста на дарувањето кон другите, тогаш стануваат личности отворени со срце за благодарност на онаа што го имаат, отколку да се жалат за онаа што им недостига. Неколку совети за развој на доблеста великодушност вклучува и поттикнувањето на децата на дарување на добро чуваните играчки и книги, собирање храна или дарување пари наместо добивање подароци за роденден или празник, но и семејно волонтирање во вашиот локален дом за бездомници.

Искреност

Неискреноста е слаба доблест која децата мораат да ја совладат, поради тоа што постојат многу облици на лаги со кои учат како да го постигнат тоа што го сакат: криење, погрешно работење, лажење, прислушкување, крадење, итн. Многу е важно да се помага на децата да сфатат дека лажењето во било кој облик е грев кој не ги повредува само нив, туку и оние кои ги излажале.

Децата имаат навика да лажат затоа што не сакаат да паднат во неволја или затоа што сакаат нешто што не би смеело да го имаат. Не е тешко да се фати детето во измама, но затоа е поважна работата на родителите да им ја вградат искреноста како доблест.

Кога вашето дете е искрено во врска со нешто лошо што го направило, покажете му милост и благост наместо строга казна. Објаснете му колку сте горди на него што избрало храбро да ви ја каже вистината поради што не следела строга казна како што би било во случајот да излажало. Ако пак ги фатите децата во лага, добра идеја е да ги натерате да напишат кратко извинување и поправка на ситуацијата како и да го вратат украденото или да одработат дополнителни работи или пак да го платат она што го скршиле и слично.

Кога детето духовно расте, тоа полека ќе сфаќа дека доблестите бараат труд, но ако изберат она што е добро, правилно и вистинито ќе растат во силата со која ќе можат да се спротивстават на идните искушенија.

Послушност

Непослушноста ни доаѓа многу поприродно од тоа да се потчиниме на авторитетот, токму поради нашата грешна природа. Затоа е необично што децата, од втората година најмногу, како од топ да испалуваат „Не сакам и нема тоа да го направам.“ Ако не им дадеме можност на избор веројатно ќе се извлечат со непослушност, а ние ќе го изгубиме својот родителски авторитет.

Она не значи дека би требало често да ги казнуваме, но родителството е секогаш тенка линија на правдата и милоста. Во овој случај, ние на нашите девојчиња им даваме избори, а ако не прифатат ниту еден, следуваат последици – одење во ќош, одзимање на играчката, привилегија или пишување извинувања ако се случиле непотребни викања.

Примерот, после вечерата ја прашувам на Фелисити: „Сакаш прво да ја измиеш својата чинија или да ги раздигнеш играчките?“ И двете работи се нејзина одговорност и таа знае за тоа. Во почетокот беше навистина многу голем отпорот, но сега ретко приговара па така сфаќа дека мора да ги изврши и двете задачи со можност за слобода на избор на нивниот редослед.

Немојте да се обесхрабрите во текот на родителскиот напор. Клучот за всадување на доблестите кај вашето дете, во било која година, токму е во тоа да се продолжи кон моделирањето и однесувањето во доблестите, да се објасни секоја доблест, можеби да се прочита и по некоја книга за некој светец како и да се постават високи очекувања за обзирното однесување. Светот секогаш ќе биде против вас, но останете цврсти и постојани во својата одлука дека ќе се движите кон напредувањето во верата, надежта и љубовта. И не заборавајте да почнете одново – неколку пати дневно ако е тоа потребно. Новите почетоци се секогаш

Категорија: Вера, Семејство

За авторот