СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Прв ден: Душата копнее по љубовта на Пресветото Срце

Царството на чистата Божја љубов сè уште не може совршено да се втемели во твојата душа, затоа што уште не си умрел за самиот себе. Понизно побарај прошка од Исус за своите несовршености и моли Го Божественото Срце, и покрај тоа, да ти дозволи да копнееш по чистотата на Неговата света љубов.

Затоа, распознај која е твојата главна слабост и во текот на овој ден започни силна борба против неа. Често прави дела на љубов, а ако не можеш доволно да љубиш, вложи голем напор. Исус ќе биде задоволен од твојата добра намера и ќе се спушти над твојата беда, која потоа ќе ја разгори со Својата љубов и ќе ја збогати со Своето божествено оружје (сп. Ефесјаните 6,13).

Повторувај го следниот повик што е можно почесто; тој има сила од секој верник да создаде голем светител:

Те љубам, Исусе! Сакам да Те љубам! Сакам од љубов кон Тебе да изгорам!

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот